Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Филков: Зголемување на казните за возачите кои ја загрозуваат безбедноста во сообраќајот
Македонија

Филков: Зголемување на казните за возачите кои ја загрозуваат безбедноста во сообраќајот

07/02/2025

AA

Министерството за правда смета дека постои сериозна потреба за понатамошно разгледување и анализа на постојната законска регулатива. Фокусирани сме на утврдување на можни измени и дополнувања во законите, кои ќе придонесат за значително зајакнување на безбедноста на патиштата.

Министерот за правда Игор Филков во своето обраќање на јавната расправа ,,Анализа и утврдување на потребата за изменување на законската регулатива со цел зајакнување на безбедноста на сообраќајот“, посочи дека е потребно  да се подобрат казнените одредби во однос на прекршителите, поткрепени со детална анализа на практиката на изрекување и спроведување на казните.

,,При изготвувањето на измени на законската регулатива, особено во делот на санкциите, потребно е да се постави прашањето: „Дали казните за прекршувачите на сообраќајните правила се соодветни и доволно ригорозни за да имаат одвраќачки ефект?“. Ова ќе ни помогне да идентификуваме кои области е потребно да се засилат со нови законски мерки, како што се алкохолот, брзината, користењето мобилни телефони и други ризични фактори”,рече министерот Филков.

Дополнително,според министерот  одредени сообраќајни прекршоци треба да бидат регулирани како кривични дела. Во таа насока, потребно е да се иницираат законски измени кои ќе ја прошират листата на кривични дела против безбедноста во сообраќајот. Ова не се однесува само на тешките кривични дела кои вклучуваат опасност за животот и имотот на луѓето, туку и на прекршоците како што е неукажувањето помош на лице повредено во сообраќајна незгода.

,,Зачестеноста на сообраќајните деликти со висок степен на општествена опасност, заедно со ниското ниво на сообраќајна култура во нашето општество, создаваат силна потреба за заострување на казнената политика. Ова ќе обезбеди ефективни санкции за прекршителите, кои ќе имаат одвраќачки ефект и ќе помогнат во намалувањето на сообраќајните несреќи и нивните тешки последици”, порача Филков.

Министерот информираше дека заедно со Министерството за внатрешни работи, судии од Одделот за прекршоци во Кривичниот суд Скопје и универзитетски професори, работат на интензивна имплементација на новите законски измени во Законот за прекршоците, Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Новите измени и дополнувања во Законот за прекршоци ќе вклучуваат посебна постапка за прекршоци од областа на безбедноста на сообраќајот на патиштата, која ќе се однесува на прекршоците кои се детектирани преку електронски системи, како што е системот „безбеден град“ (safe city).

Овој систем ќе овозможи брзо и точно утврдување на прекршоците, со што ќе се намали бројот на несреќи и ќе се обезбеди побрза реакција на властите. Со оваа новина се предвидува кратки рокови за постапување пред судот, што ќе го забрза процесот на правдата.

За сторители кои по трет пат ќе се најдат на суд, а во случај на сериозни прекршувања, како што се возење под дејство на алкохол или прекумерна брзина, судот ќе изрече санкција која подразбира престанок на важење на возачката дозвола. Ова ќе значи дека возачот нема да може да стекне нова возачка дозвола додека не помине една година од правосилноста на пресудата.

Сите измени  имаат за цел и се стремат да го намалат бројот на сообраќајните незгоди, особено оние кои резултираат со смртни последици, и да ги заштити животите на сите учесници во сообраќајот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

📽️ ГЛИНЕНИ ГУЛАБИ ОД МАКЕДОНИЈА ЗА СРПСКОТО ПОДЗЕМЈЕ Најмалку 16

28/09/2026
Македонија

СЕРИСКИОТ УБИЕЦ ОД СТАРО НАГОРИЧАНЕ ПРИЗНА ДВЕ УБИСТВА, ЗА ДВЕ

28/09/2026
Македонија

ИЗЛЕТАЛ СО КАМИОН ОД ПАТОТ И ЗАГИНАЛ Тешка сообраќајна несреќа

28/09/2026
Македонија

ТЕЛЕКОМ СВИКА РОДИТЕЛСКА СРЕДБА Темата беше заштита од врсничко насилство

28/09/2026
Македонија

ЈАВНОСТА СВЕДОЧИ НА РАСПАД ВО ЖИВО НА СДСМ Владејачката ВМРО-ДПМНЕ

28/09/2026
Македонија

ДРЖАВАТА ГИ СЛУШНА ЛИЦАТА СО ОШТЕТЕН СЛУХ Изработи прирачник за

28/09/2026
Македонија

ПОЧИНА 70-ГОДИШЕН МАЖ ОД АЕРОДРОМ ОД ЗАПАДНОНИЛСКА ТРЕСКА Десетта жртва

28/09/2026
Македонија

ДВАЈЦА БЕСНЕЕЛЕ ВО КАЗИНО, НЕКОЛКУ ГОСТИ ЗАВРШИЈА НА КЛИНИКА Гаѓале

28/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45851
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

📽️ ГЛИНЕНИ ГУЛАБИ ОД МАКЕДОНИЈА ЗА СРПСКОТО ПОДЗЕМЈЕ Најмалку 16 млади Македонци заминале во Србија,

28/09/2026

Најмалку 16 млади момчиња од Македонија досега биле идентификувани како лица кои заминале во Србија и биле вовлечени во активности

СЕРИСКИОТ УБИЕЦ ОД СТАРО НАГОРИЧАНЕ ПРИЗНА ДВЕ УБИСТВА, ЗА ДВЕ ДАВАШЕ РАЗЛИЧНИ ОДГОВОРИ Вештакот тврди

28/09/2026

Во Основниот суд Куманово, денеска продолжи судењето против Трајче Бојковски, од општина Старо Нагричане, обвинет за четири убиства на жени

ИЗЛЕТАЛ СО КАМИОН ОД ПАТОТ И ЗАГИНАЛ Тешка сообраќајна несреќа на патот Струмица-Радовиш

28/09/2026

Едно лице го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска на магистралниот пат Струмица–Радовиш, на делницата меѓу

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy