Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Филков за пресудата на судијата Ферати: Судскиот совет е повикан да реагира по реакцијата во јавноста
Македонија

Филков за пресудата на судијата Ферати: Судскиот совет е повикан да реагира по реакцијата во јавноста

08/04/2025

AA

Министерот за правда Игор Филков ја коментираше пресудата на судијата Ељведин Ферати кој вчера донесе одлука да го казни возачот кој ја прегази младата Теодора Ристевска од Тетово на две години затвор. Филков рече „уште еднаш се покажа дека довербата на граѓаните во судството од два отсто не е џабе“.

Филков посочи дека Судскиот совет е повикан да реагира по реакцијата во јавноста.

– Јас ниту смеам, ниту можам да ја коментирам пресудата, но она што секако сакам да го искоментирам е реакцијата на јавноста, а реакцијата на јавноста е оној глас на народот којшто е многу битен, којшто треба да допре до секој од нас, вклучително и до Судскиот совет кој е повикан да реагира. Тие два посто доверба во судството уште еднаш се покажа дека не се џабе, рече Филков.

Прашан како е дозволиво да суди судија кој беше критикуван поради сомнежи дека си ги поправал оценките на Тетовскиот универзитет со пречкртување, Филков кусо одговори дека е недозволиво и како што рече, прашањето треба да се постави до Судскиот совет.

– Апсолутно е недозволиво и затоа работиме на измените. Она што, за жал, ни се повторува е дека мораме да побрзаме за вакви случаи да нема во иднина. Прашањето може да го поставите до Судскиот совет, рече Филков.

И премиерот Христијан Мицкоски го повика Судскиот совет да ја разгледа работата на судијата кој ја донесе одлуката за двегодишната казна затвор за возачот кој ја прегази Теодора. Според премиерот, ваквата пресуда не е правда, туку целосно потфрлање на системот.

Пресудата за случајот на Теодора Ристевска предизвика силни реакции во јавноста. Многу луѓе изразија незадоволство и гнев на социјалните мрежи, сметајќи дека казната од две години затвор е премногу блага за сторителот. Семејството на Теодора е длабоко разочарано од пресудата. Дополнително, судијата Ељведин Ферати кој ја донесе пресудата беше критикуван поради сомнежи за неговиот интегритет дека си ги поправал оценките на Тетовскиот универзитет со пречкртување. Државниот просветен инспекторат минатата година утврди неправилности во неговите оценки, што доведе до предистрага од Скопското јавно обвинителство. 

По сообраќајната несреќа во август 2022 година, сторителот кој ја прегази 22-годишната Теодора првично беше осуден на три години и шест месеци затвор. Апелациониот суд ја намали казната на две години, но Врховниот суд ги укина пресудите и го врати случајот на повторно судење. Судот во Тетово вчера повторно му досуди две години затвор на сторителот. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Родителите на загинатите во „Пулс“: Не сме барале да се

07/12/2025
Македонија

КОЧАНЧАНКА ПОВЕРУВАЛА ДЕКА Е ВРЗАНА СО МАГИЈА, ПА ОСТАНАЛА БЕЗ

07/12/2025
Македонија

Милошоски: Нема да се градат бегалски кампови во Македонија

07/12/2025
Македонија

Вработен во Затвор Скопје при вршење обиколка, затекнал две лица

07/12/2025
Македонија

И дошле во двор и и кажале дека и е

07/12/2025
Македонија

🎥 ВО МАКЕДОНИЈА НЕМА ДА СЕ ГРАДАТ БЕГАЛСКИ КАМПОВИ Милошоски

07/12/2025
Македонија

Пред Поликлиника Ченто пронајден починат маж!

07/12/2025
Македонија

НОВО ПОГЛАВЈЕ ЗА СТАБИЛНОСТ И РАЗВОЈ НА ДРЖАВАТА Милошоски вели

07/12/2025
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 38607
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Родителите на загинатите во „Пулс“: Не сме барале да се откаже новогодишната прослава во Кочани

07/12/2025

Здружението на граѓани „16-ти Март 2025“, во име на родителите на трагично загинатите деца во дискотеката „Пулс“, денеска упати јавно

КОЧАНЧАНКА ПОВЕРУВАЛА ДЕКА Е ВРЗАНА СО МАГИЈА, ПА ОСТАНАЛА БЕЗ НАКИТ И ПАРИ Две жени

07/12/2025

Шеесет и двегодишна жена од Кочани пријави дека била измамена од две други жени кои требало да ѝ растурат магија.,

Милошоски: Нема да се градат бегалски кампови во Македонија

07/12/2025

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ и член на партискиот Извршен одбор, Антонијо Милошоски, денеска категорично ги отфрли информациите дека Македонија би можела

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy