
Филиповска-Грашкоска вели дека податоците на граѓаните се безбедни и заштитени, не се украдени
Директорката на Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ), Магдалена Филиповска-Грашкоска, денеска на прес конференција истакна дека пријавиле дека системот има технички проблеми, за по три дена да тврдат дека имале сајбер напад.
Засега нема информации од кого е извршен упадот, односно се води истрага, но според директорката податоците биле заштитени и никој не ги украл.
„Штом се утврди дека станува збор за сајбер напад јавноста беше известена. Сите ИТ капацитети беа ангажирани за да се врати системот во функција. Експертите работеа деноноќно. Најважната работа е дека според сите анализи на ИТ експертите нема одлевање на податоци на граѓаните. Податоците не се украдени, се безбедни и заштитени. Тече истрага за сите детали. Здравствените и личните податоци се безбедни. Системите на Фоднот се речиси во нормала, исплатени се платите на здравствени работници, породилното“, кажа Магдалена Филиповска Грашкоска.