Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Филипче: Во мојот мандат додека бев министер, немаше ниту еден пациент што останал без лек
Македонија

Филипче: Во мојот мандат додека бев министер, немаше ниту еден пациент што останал без лек

17/10/2023

AA

Екс министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил истакна дека додека тој бил министер, ниту еден пациент не останал без лек.

„Во мојот мандат додека бев министер за здравство, немаше ниту еден пациент што останал без лек. Водев сметка да има лекови за пациентите и тие да се со сертификат за европски квалитет. Од 2018 воведов систем со кој се стави крај на дотогашниот паралелен увоз на лекови со сомнително потекло. Дотогаш лекови во државата се увезуваа без сертификат за квалитет, без потекло, такви лекови им се даваа на пациенти со малигни болести, на пациенти со дијабет. За првпат во историјата на македонското здравство обезбедивме современи и најдобри медицински третмани со биолошки лекови и современа терапија за онколошко-хетамтолошките пациенти.

Дури и во време на Ковид, овозможивме специфичен начин на работа на УКРО, на пациентите им се носеше терапија до местото на живеење и воведовме психолошка поддршка на онколошките пациенти. Им благодарам на сите Здруженија на пациентите со малигни заболувања кои беа силна поддршка во процесите кои ги носевме заедно за доброто на пациентите. Давањето, контролата на лекови е работа на менаџментот на Клиниката. Министерот не знае како се даваат терапиите.

Во мојот мандат не сум дал никаква иницијатива за воведување на КАТО систем, ако сум дал предлог истиот ќе сум го имплементирал. До моментот на моето доаѓање на функција, немав никакви сознанија кои биле практиките и принципите на работа на Клиниката за онкологија. Се надевам дека пратениците во Анкетната комисија ќе направат дистинкција на тоа што е системска слабост, а доколку имало каков било криминал тоа да го истражат надлежните органи и да се одговара“, вели Филипче.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy