
Филипче: Средба со криминалци нема, техничката влада мора да остане!
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска на прес-конференција истакна дека средба за формирање техничка влада со лица кои, како што рече, се вклучени во криминал, нема да има. Тој ја обвини опозицијата дека се обидува да најде алиби за распишување предвремени избори.
– Ова сценарио е смислено уште лани, кое јас и СДСМ го разоткривме и јавно го говоревме повеќе од два месеци. Предвремени избори, па мигранти за пари. Нема пари во буџетот, власта се брза да превезе мигранти и да земе кредит од 6 милијарди евра, плус 20.000 фунти по мигрант, како што пренесоа британските медиуми – рече Филипче.
Тој додаде дека Мицкоски и тендер-коалицијата ВМРО-ЗНАМ можат сами да ги распишат изборите, но СДСМ нема да учествува како покритие за, како што нагласи, криминално сценарио.
– Техничката влада мора да остане. Власта ја узурпираше целата контрола, ги стави канџите во правосудството, презема целосна контрола врз обвинителството, носи измени на Кривичниот законик спротивно на препораките на ЕУ. Сето тоа го прави за заштита на криминалот – истакна Филипче.
Претседателот на СДСМ обвини дека владата донела резолуција за укинување на слободата на говор на опозицијата и Закон за полиција за целосна партизација, што, според него, ја загушува демократијата и ги угрожува професионалците во полицијата.
Филипче најави и дополнителен брифинг во текот на утрешниот ден, на кој ќе ги презентира деталите за измените во правосудството и предложените закони.
– Со криминалци кои се обидуваат да узурпираат се и да се спасат себеси, нема седнување на маса за техничката влада, туку само одговорност. Сето она што го зборувавме изминатиот месец се потврди – рече Филипче.
Тој додаде дека последните активности на САД и Законот за западен Балкан, со фокус на борба против криминал и корупција, ги забрзаа настаните и оти Мицкоски преку медиумски изјави веднаш реагирал на изјавата на српскиот претседател Вучиќ, што според него не е случајност.
– Средба нема, техничката влада останува – порача д-р Филипче.
