Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Филипче: СДСМ избира нов тим, нова сила – нова енергија
Македонија

Филипче: СДСМ избира нов тим, нова сила – нова енергија

15/12/2025

AA

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во вечерашното интервју во емисијата „360 степени“, најави формирање на нов тим кој ќе ја означи новата сила и новата енергија во работењето на СДСМ.

Филипче посочи дека одлуките и изборот ќе се направат на утрешниот Централен одбор на партијата. Говорејќи за процесот на формирање на новиот тим, тој потенцираше дека е клучна рамнотежата меѓу искуството и младоста.

„Тоа е тим којшто ќе означува нова сила, нова енергија, комбинација на сегашни, актуелни функционери, на искусни и на млади луѓе и други. Сигурно е дека местото ќе го задржи генералниот секретар Александар Димитријевиќ, еден од потпретседателите ќе биде кандидатот за градоначалник на Аеродром Александар Трајановски, а  утре ќе ги соопштиме и другите имиња на членовите на раководството и на Извршниот одбор“, рече  Филипче.

Притоа, Филипче нагласи дека ангажманот во партијата нема да зависи исклучиво од формалните функции, туку ќе се проширува, додавајќи дека СДСМ активно работи на отворање на партијата кон младите, граѓанските организации, видни интелектуалци и политички чинители, со кои заеднички ќе се градат политиките.

„Сите сакаат да придонесат во една многу интензивна партиска работа, која што ќе следи веќе непосредно после новогодишните празници, поради тоа што очигледно е дека демократијата во државата од страна на оваа власт е загрозена“, истакна Филипче.

Целта како што кажа Филипче, е државата да се извлече од сегашната состојба и да се продолжи патот на прогресот и интеграциите. Во однос на програмските определби, Филипче истакна дека програмата на СДСМ е речиси целосно подготвена.

„Предвидуваме сериозна поддршка на младите луѓе, даночни олеснувања за млади претприемачи, даночни олеснувања за ИТ секторот и прогресивно оданочување. Мора да има пари за зголемување на платите во сите сектори, вклучувајќи просечната и минималната плата. Мора да има фер зголемување на пензиите, не вака како што ги пљачкаат сега од ВМРО-ДПМНЕ и од ЗНАМ. Им ги кратат парите, таа наша најкритична категорија на граѓани“, посочи Филипче.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy