
Филипче прашува: Зошто „Лотарија“ исплаќа инфлуенсери на социјалните мрежи?
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната вонредна прес-конференција упати серија остри обвинувања до владејачката коалиција, посочувајќи на низа скандали, дупка во буџетот и злоупотреба на државните институции за партиски цели.
Како еден од клучните примери за недомаќинско работење и корупција, Филипче ја посочи Државната лотарија. Тој јавно праша како и зошто оваа институција се користи за исплаќање на лица кои се активни на социјалните мрежи, додека државата се соочува со финансиска криза.
„Имаат ли одговор зошто државните институции, а Лотарија е само една од нив, исплаќаат луѓе инфлуенсери на социјалните мрежи? Како е можно ваква очигледна злоупотреба на државните пари? Власта нема одговор на ова, како што нема одговор ниту за криминалот во земјоделството и крадењето на европски пари“, изјави Филипче.
