Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Филипче: Ова не е горда Македонија, луѓето едвај врзуваат крај со крај
Македонија

Филипче: Ова не е горда Македонија, луѓето едвај врзуваат крај со крај

29/09/2025

AA

„Сите гледаме, после една и пол година централна власт и повеќе од 4 години централна власт ВМРО-ДПМНЕ и повеќе од четири години нивна локална власт, дека се неспособни да донесат промени и да работат за и во интерес на граѓаните. Се грижат само за себе, за својата удобност и исклучиво за своите членови. Дали ова е гордата Македонија што ни ја ветија? Македонија со понижени земјоделци, со млади кои заминуваат, со семејства што едвај врзуваат крај со крај? Не, ова не е горда Македонија“ истакна претседателот на СДСМ Венко Филипче на граѓанската трибина во Демир Хисар заедно со коалицијата ја започнаа кампањата за локалните избори.

Филипче оттаму исто така рече дека ВМРО-ДПМНЕ, ветија правда, а за граѓаните донесоа неправди притоа потсетувајќи на нефункционалноста на институциите, ниските плати, растот на цените и целосниот застој во економијата и правосудните реформи.

„Ветија реформи, а не започнаа ниту една. Победија со лажен патриотизам, со празни програми од кои не остана ништо. Нема реконструирани локални патишта, нема систем за отпад, депонијата во Стругово секојдневно ги труе граѓаните. Тутунарите се соочуваат со ниски откупни цени, младите ја напуштаат општината, здравството е во колапс, а културното наследство како Спомен-паркот на Даме Груев во Смилево е оставено да пропаѓа. Четири години локална власт на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Најдовски и ниту еден реализиран проект“, истакна Филипче во Демир Хисар.

СДСМ и коалицијата ја започнаа со граѓанска трибина во под слоганот „Се бориме за нашиот дом“ кој воедно е слоган за борба за поголема грижата, солидарност, правда, слободата и еднаквост и подобар живот за сите граѓани.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Вештакот Марковски на судењето за „Пулс“: Барањето за пренамена го

25/08/2026
Македонија

Финансиската полиција поднесе кривична пријава против сопственик на фирма: Се

25/08/2026
Македонија

Високи температури низ цела Македонија, УХМР издаде метеоаларм

25/08/2026
Македонија

Сите државни ресурси во акција: Три авиони го гаснат пожарот

25/08/2026
Македонија

До 15% поевтин училишен прибор: Владата ја воведува „училишната кошничка“

25/08/2026
Македонија

Топло и сончево време, локално нестабилно во попладневните часови

25/08/2026
Македонија

Мицкоски: Силно го поддржуваме претседателот Трамп и САД

25/08/2026
Македонија

Продолжува судењето за „Пулс“

25/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45238
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Вештакот Марковски на судењето за „Пулс“: Барањето за пренамена го поднесува сопственикот на објектот

25/08/2026

На денешното рочиште за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, вкрстеното испрашување на вештакот Горан Марковски, декан на Градежниот

Финансиската полиција поднесе кривична пријава против сопственик на фирма: Се сомничи дека оштетил доверители и

25/08/2026

Управа за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против В.Р., управител и сопственик на правно лице,

Високи температури низ цела Македонија, УХМР издаде метеоаларм

25/08/2026

Топлото време продолжува и денеска, а поради високите температури на територијата на целата држава е издаден метеоаларм од страна на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy