Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Филипче од Ресен: На 19 октомври масовно излезете на изборите, заедно да ја вратиме надежта
Македонија

Филипче од Ресен: На 19 октомври масовно излезете на изборите, заедно да ја вратиме надежта

14/10/2025

AA

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче вечерва на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“ која се одржа во Ресен порача дека Преспа секогаш била срцето на Македонија не само по убавината, туку по трудот, чесноста и по луѓето што не се откажуваат. Затоа порача тој, како регион кој е симбол на можности да се обединат и ја вратат вредноста назад.

„Верувам дека овој пат ќе победи визијата, прогресивноста и љубовта кон татковината. Граѓаните ќе изберат да застанат зад политики што носат правда, еднаквост и фер можности за сите. Овие избори нема да бидат само избор меѓу партии, ова е избор меѓу минатото и иднината!“, рече Филипче.

Тој испрати повик дека е време за работа, за проекти, за сигурност и за достоинство. Но и време за општини каде наместо застој, ќе се градат патишта, сообраќајници, училишта и гасоводи. За општини во кои ќе се живее поубаво, посреќно, поспокојно и посигурно. 

„Ова е момент на враќање. Да се обединиме околу вистинските вредности и да покажеме дека имаме сила и храброст да се избориме за нашиот дом, за нашата иднина, за нашето семејство. Само обединети и само со силен СДСМ може државата да оди напред. Само тогаш може да зборуваме за вистински развој и за стабилност“, порача тој.

Притоа, Претседателот на СДСМ, Филипче, ги повика ресенчани на 19 октомври, да излезат и да го кажат својот збор. Да изберат работа со СДСМ, наместо празни зборови со ДПМНЕ, резултати наместо изговори и визија наместо хаос. 

„Ќе го изберете СДСМ, Александар и советничката листа на СДСМ за политика што слуша, што делува и што стои со народот. На 19 да излеземе, да гласаме, да ја вратиме силата во рацете на граѓаните! Да ја вратиме надежта, гордоста и сигурноста во нашата земја!“, рече Филипче.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy