Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Филипче од Крива Паланка: Владата не презема ништо за да го спречи економскиот пад
Македонија

Филипче од Крива Паланка: Владата не презема ништо за да го спречи економскиот пад

01/03/2025

AA

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во своето обраќање од Крива Паланка ја обвини Владата за економска неспособност, истакнувајќи дека таа не презема никакви мерки за подобрување на животниот стандард на граѓаните.

„Владата го запре процесот на зголемување на платите, не прифаќа предлози за намалување на цените и сметките за струја, а граѓаните страдаат од нивната неспособност,“ изјави Филипче.

Тој реагираше на тврдењата на премиерот дека економијата е во одлична состојба, поставувајќи прашање: „Одлични и први сме во што? Во тоа што струјата поскапе за 30%? Во тоа што цените во маркетите растат неконтролирано?“

Филипче нагласи дека во време на економска нестабилност, Владата треба да се фокусира на зголемување на платите, контрола на цените и поддршка за компаниите, но според него, ништо од тоа не се случува.

„Немаат желба да седнат ниту на економско-социјален совет, ниту да примат било каков совет за да направат нешто во интерес на граѓаните,“ рече тој, додавајќи дека ниту премиерот ниту министрите имаат искуство во управување со големи системи.

СДСМ најавува дека ќе продолжи со залагања за економски мерки што ќе ги заштитат граѓаните и ќе обезбедат подобар животен стандард.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Секој плаќа за себе: Wolt ја воведе функцијата Split Payments

13/08/2026
Македонија

АЛАРМАНТЕН ПОРАСТ: Регистрирани 26 случаи на Западно-нилска треска – ова

13/08/2026
Македонија

Пожарот над селото Габер се шири кон Вражале

13/08/2026
Македонија

Депонијата „Краста“ во Куманово и понатаму чади: Се бара помош

13/08/2026
Македонија

Алсат: Пронајден е мртов оперативниот директор Лирим Хајредини, погребот ќе

13/08/2026
Македонија

На 24-ти август започнува судењето за Груби и други 7

13/08/2026
Македонија

Сите генерални секретари на Влада во последните 15 години завршија

13/08/2026
Македонија

Започнуваат уписите на УКИМ: Слободни над 8.800 места за бруцоши

13/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45004
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Секој плаќа за себе: Wolt ја воведе функцијата Split Payments за групни нарачки

13/08/2026

Корисниците сега можат директно во апликацијата да платат за своите артикли кога заедно нарачуваат од ресторани со пријателите, семејството или

АЛАРМАНТЕН ПОРАСТ: Регистрирани 26 случаи на Западно-нилска треска – ова се препораките

13/08/2026

Драматичен пораст на случаите на Западно-нилска треска (WNV) е регистриран во Македонија од почетокот на годината до 11 август 2026.

Пожарот над селото Габер се шири кон Вражале

13/08/2026

Во шумата над селото Габер пожарот е проширен, но ситуацијата кон населените места во селото Габер е под контрола и

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy