Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Филипче: Никогаш не сме се бореле само за фотелји туку за да ги решаваме проблемите на граѓаните
Македонија

Филипче: Никогаш не сме се бореле само за фотелји туку за да ги решаваме проблемите на граѓаните

26/04/2025

AA

Граѓаните ќе кажат дали Венко Филипче ќе ја направи СДСМ победничка партија, а јас ќе дадам сè од себе да ја консолидирам партијата по патот по којшто веќе започнавме. Дали е тој пат изоден целосно, не е апсолутно. Сè уште имаме простор да работиме и ќе работиме и во следните години, не само сега во пресрет на локалните избори.

 Ова го истакна претседателот на СДСМ, Венко Филипче во интервју во Тема на денот на Дневникот на Сител Телевизија. Во таа насока тој потенцираше:

„Никогаш не сме се бореле за фотелји, само за да бидеме на власт како што е тоа сега. Туку, сакаме да ја добиеме довербата на граѓаните за да ги решаваме проблемите во нивни интерес“.

Филипче вели дека тој и СДСМ имаат обврска да работат многу интензивно имајќи предвид во каква состојба се наоѓа државата и како владата на ВМРО-ДПМНЕ ја води државата. 

Неконтролиран раст на цените, намален животен стандард на граѓаните, плати кои стагнираат, згора на тоа и не се исплаќаат, неисплаќање на ДДВ за компаниите се само дел од критиките што Филипче ги упати за начинот на кој власта ја води државата.

„За жал, би рекол дека државата се наоѓа во многу тешка, како никогаш досега, и економска, меѓутоа и една длабока општествена криза. Гледаме дека владата тешко се справува со проблемите коишто граѓаните ги чувствуваат во делот на стандардот, платите, коишто никако не се помрднуваат од место. Во некои институции дури не се ни исплаќаат. Има институции кои не исплатиле плата во законски предвидените рокови. Владата како да не се грижи за тоа“, потенцира Филипче.

Покрај лошите економски политики, претседателот на СДСМ истакна дека власта врши и целосна партизација на институциите.

„Драматична и бескрупулозна е партизацијата на институциите каде доколку не сте член на ВМРО-ДПМНЕ или која било друга партија од владејачката коалиција вие сте деградирани и преместувани да работите дури во други градови на 100 километри дистанца од вашето место за живеење“, изјави Филипче.

Сите овие лоши параметри се прикриваат со владината пропагандна машинерија, односно фабрика за илузии како што ја нарече Филипче.

„Вклучена е на максимум пропагандната машинерија на власта. Меѓутоа граѓаните знаат дека практично не можат да врзат крај со крај. Можат да живеат во месецот до 10– 15-ти. После тоа ужасно тешко се живее во државата“, истакна Филипче во интервјуто.

Токму затоа СДСМ има обврска интензивно да работи и да ја врати довербата на граѓаните.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy