
Филипче на средба во Влада: Ќе презентирам концепт за нов општествен договор
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче попладнево е на средба со премиерот Христијан Мицкоски.
Како што вели, ќе презентира концепт за нов општествен договор.
„Средба во Владата за да го презентирам концептот за нов општествен договор со кој конечно и трајно ќе ги решаваме проблемите со кои се соочува државата и граѓаните“, напиша Филипче.