Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Филипче: Мицкоски како Малиот Вучиќ, очигледна е соработката со СНС
Македонија

Филипче: Мицкоски како Малиот Вучиќ, очигледна е соработката со СНС

26/12/2025

AA

На брифинг со новинари, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ја потецираше директната поврзаност на актуелната власт со СНС во соседна Србија.

„Очигледна е соработката на оваа власт со српската власт на Александар Вучиќ и на СНС, односно лично со него. На граѓаните веќе им паѓа во очи како премиерот Мицкоски сака да го имитира претседателот Вучиќ, во движењата, во стоењето, во начинот на давање изјави и во концептите на политиката. Прекарот веќе го доби, малиот Вучиќ“, рече Филипче.

Според него, моделот на владеење што се применува во Србија сѐ повеќе се пресликува и кај нас.

„Тоа што го прави Вучиќ во Србија, премиерот Мицкоски се обидува да го направи кај нас – еден човек да ја претставува целата политика и целата партија, а сите други да ги извршуваат неговите наредби“, рече Филипче.

Тој потсети на случувањата во Србија по трагедијата во Нови Сад и на протестите кои следеа, укажувајќи дека таму дијалогот е речиси невозможен, а општеството длабоко поделено.

„Во Србија тоа оди до ниво на судири, а земјата се соочува со економски колапс и целосна изолација од Европа. Истата опасна матрица денес се применува и во Македонија“, предупреди Филипче.

Во тој контекст, Филипче нагласи дека ваквата политика води кон намерна изолација од Европската Унија и служи како алиби за прикривање на криминалот и корупцијата.

„Се бараат само изговори земјата да се држи изолирана од Европската Унија. Нема друго објаснување.“, истакна тој.

Претседателот на СДСМ порача дека граѓаните јасно гледаат каде води овој модел, кон авторитаризам, економска несигурност и европска изолација, и нагласи дека СДСМ ќе продолжи јавно и аргументирано да ја разобличува оваа соработка и опасниот курс по кој се движи Македонија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy