Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ФИЛИПЧЕ: Износот од 6 милијарди евра е алармантен, дали знаеме колкава е каматата?
Економија

ФИЛИПЧЕ: Износот од 6 милијарди евра е алармантен, дали знаеме колкава е каматата?

19/05/2025

AA

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната конференција за печатот изјави дека новото задолжување не само што е економски сомнително, туку и политички антиевропско.

Вели дека станува збор за два договора: еден во делот на стратешката соработка и еден за заем од Обединетото Кралство. 

„Стратешкиот договор со Велика Британија го поддржуваме, но ваквиот начин на заем, за вакви проекти, дефинитивно ја бележи оваа Влада како антиевропска“, рече Филипче.

Тој изрази голема загриженост за недостигот од транспарентност и информации за содржината на договорите за нов кредит од 6 милијарди евра.

„Јавноста, за жал, а ниту политичките субјекти, дали во Парламентот или, генерално, во земјата, немаат доволно детали за ваков сериозен договор за заем. Владата е должна веднаш да излезе со повеќе информации, бидејќи досега нашата земја не потпишала ваква рамка за толкава сума пари со ниту една институција, со ниту една влада. Се работи за огромни суми пари, камати кои не знаеме колкави се, а кои ќе ги враќаат следните генерации“, кажа Филипче. 

Тој додаде дека износот од 6 милијарди евра е алармантен, дека го надминува државниот буџет и дека мора да се утврди потеклото на парите.

„Дали се британски парите и директно од британската Влада или станува збор за фонд што е лоциран во Велика Британија, а располага со пари од некоја друга земја? Дали знаеме колкава е каматата? Дали знае Владата, дали точно знае за што се преговара во овој период? Дали е направена споредба со некој друг извор на пари? Дали е направена споредба со Светска банка, со некои други комерцијални и инвестициски банки итн.?“, праша Филипче.

Според него, геостратешката позиција на Македонија бара развој на два транспортни правца – Коридорот 10 (север-југ) и Коридорот 8 (исток-запад), но Владата, според него, ја игнорира балансираната стратегија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПОЧИНА Д-Р ЗОРАН СПИРОВСКИ Беше истакнат торакален хирург и екс-директор

08/11/2026
Македонија

ГО ЗЕЛ ДВЕГОДИШНОТО ДЕТЕ И ЗАМИНАЛ ВО ШВАЈЦАРИЈА Татко од

08/11/2026
Македонија

📷 „НИТУ ЕДНА ПОВЕЌЕ“, „НЕМА ДА НÈ СНЕМА“, „УШТЕ КОЛКУ

08/11/2026
Македонија

ТАЈНО ЈА СНИМАЛ, ПА Ѝ СЕ ЗАКАНУВАЛ СО ЕКСПЛИЦИТНИ ВИДЕА

08/11/2026
Македонија

ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ГИ ПРЕПОЗНА РЕФОРМИТЕ НА ЗНАМ Од 33 подготвени

08/11/2026
Македонија

СДСМ ШИРИ ПАНИКА, А МОЛЧЕЛ ЗА 110 МИЛИОНИ ОД ВЕНЕЦУЕЛА

08/11/2026
Македонија

СДСМ СОЗДАВА ЛАЖЕН НАРАТИВ ЗА ЕСМ Платите не доцнат, туку

08/11/2026
Македонија

СДСМ И ВЕНКО ПРВО ДА НАУЧАТ КОЈ Е НАДЛЕЖЕН ЗА

08/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46658
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПОЧИНА Д-Р ЗОРАН СПИРОВСКИ Беше истакнат торакален хирург и екс-директор на Торакална

08/11/2026

Почина проф. д-р Зоран Спировски, истакнат торакален хирург, поранешен директор на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија и професор на

ГО ЗЕЛ ДВЕГОДИШНОТО ДЕТЕ И ЗАМИНАЛ ВО ШВАЈЦАРИЈА Татко од Врапчиште доби пријава по расправија

08/11/2026

Двегодишно дете било однесено во Швајцарија без знаење и согласност на неговата мајка, откако таткото претходно се скарал со сопругата.

📷 „НИТУ ЕДНА ПОВЕЌЕ“, „НЕМА ДА НÈ СНЕМА“, „УШТЕ КОЛКУ ИМИЊА“ На протести во Скопје

08/11/2026

Со пораките „Нема да нè снема“, „Ниту една повеќе“ и „Не бараме сочувство, бараме одговорност“ граѓани и активистки во Скопје

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy