Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Филипче: Имаме план како да вратиме дел од лекарите кои заминале
Македонија

Филипче: Имаме план како да вратиме дел од лекарите кои заминале

07/04/2024

AA

Др- Венко Филипче, денес учестувуваше на трибина посветена на здравјето во Прилеп каде пред 150 здравствени работници ја претстави програмата на СДСМ и коалицијата во делот на здравството и планираните проекти кои директно ќе ги подобрат условите за здравствените работници и пациентите.

Во своето обраќање Филипче потенцираше дека голем фокус ќе биде ставен на задржување на лекарите и здравствените работници дома, процес кој е започнат во овој мандат.

„Прво вложивме во вас, затоа што вие сте столбот на здравствениот систем“ – им порача филипче на лекарите. „Добри услови за здрвствените работници како добир плати, едукација и безбедна средина за работа се предуслов да ги задржиме дома. И на ова силно работевме и уште посилно ќе работиме во слендиот мандат. Ја зголемивме основната плата на докторите специјалисти за 40%, на општите лекари за 25% на медицинските сестри помеѓу 20% и 23%.“ – истакна тој

Во следниот мандат Филипче рече дека СДСМ во програмата има план како да задржи најголем дел од лекарите дома, но и да понуди конкурентни услови за враќање на дел од оние кои заминале а сакаат да се вратат и работата во Македонија.

„Клучен проблем е одливот на кадар. Како и секаде во регионот, така и кај нас многу лекари заминуваат за подобри услови во странство. Тоа проблем на секоја земја во развој, но работници губиме во сите сектори, не само во здравството. Имаме план како да ги вратиме дома оние кои сакаат да се вратат и придонесат. Ќе обезбедиме европски плати, ќе им понудиме конкурентни услови и јас верувам дека можеме да вратиме дел од оние кои заминале. За секој лекар што ќе се врати во земјава веднаш ќе се обезбеди работно место, а ќе се издвојат и стимулативни средства во висина на месечните плати за време на работата во странство. Колку заработувале таму, толку ќе заработуваат и тука.“ – рече Филипче.

Тој зборуваше и за тоа како СДСМ планира да ги подобру условите за специјализантите за кои СДСМ прв пат обезбеди плата и здравствено осигурување. Пред мандатот на Филипче тие работеа без приход и често беа приморани да ја напуштат државата.

„Вложивме многу во специјализантите, обеезбедиме плата и здравствено за нив во минатиот мандат. Во следнито мандат за оние кои завршуваат и специјлаизираат ќе направиме се за да ги задржиме тука. Ќе понудиме загаринтирано вработување и одлични услови за да ги мотивираме да останат. Специјализантите ќе ги остварат сите права за текот на нивната пракса преку целосно вкупно здравствено осигурување и ќе добиваат месечен надоместок од почетни 60.000 денари“ – рече Филипче.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy