
Филипче го поддржувал Заев во матните тендери во РЕК Битола, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ обвини дека поранешниот министер за здравство, Венко Филипче, го поддржувал, како што велат, „криминалот“ во РЕК Битола преку тендери поврзани со фирми блиски до поранешниот премиер Зоран Заев. Според соопштението од партијата, овие активности придонеле за опустошување на енергетскиот сектор и зголемување на цената на електричната енергија, што го погодило македонскиот народ. […]
