Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Филипче: Ќе побарам лидерска средба на која ќе предложам конкретен план, да го направиме тоа што треба за државата и за семејствата од Кочани
Македонија

Филипче: Ќе побарам лидерска средба на која ќе предложам конкретен план, да го направиме тоа што треба за државата и за семејствата од Кочани

28/03/2025

AA

-Во Кочани се случи една страшна трагедија која што целата нација ја стави во состојба на шок и сите ние треба да извлечеме поука како треба да делуваме понатаму за да се спречат вакви трагедии, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, кој се вклучи во солидарната акција – Телетон „Канал 5 и Македонија за Кочани“.

Филипче посочи дека после оваа трагедија не се доволни само зборови, потребно единство и обединување, поддршка за семејствата во Кочани и делување за промена на работите.

-Тоа треба да го претвориме во вистински дела, во вистински чекори, заради тоа што тоа е нешто што најмалку може да го направиме ако ништо друго за семејствата што останаа без своите деца, за другите семејства кои имаат деца кои се на лекување и секако за целото општество кое гледаме како бара некакви промени, рече Филипче.

Во хуманитарната емисија, Филипче најави дека следната недела, ќе побара да се свика лидерска средба на која ќе презентира план што треба да се направи во следниот период за државата и за семејствата од Кочани.

-Следната недела јас ќе повикам на лидерска средба во Собранието, со лидерите на најголемите политички партии, на кои што сакам да го презентирам мојот план што јас мислам дека ние треба и имаме обврска да направиме за државата. Да се направи тоа што суштински треба, вистински реформи во правосудството, да се направи тоа што суштински треба за да се промени здравствениот систем, да почне изградбата на Клиничкиот центар. Да се направат суштински промени во системот на образование, да се дуплираат примањата на наставниците, да се осигураме дека нашите деца ќе имаат добра едукација. Да се направи дефинитивна промена во системот на јавна администрација, гледаме дека и покрај тоа што начелно има превработеност има сегменти каде што работници фалат, рече Филипче.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДОЖДОТ СЕ ВРАЌА, ОД ВТОРНИК ЗАТОПЛУВАЊЕ Седмицата носи променливо време

08/11/2026
Македонија

ИВА МИХАИЛОВА ОБВИНУВА ДЕКА Ѝ БАРАЛЕ ПАРИ ЗА УСЛОВНА КАЗНА

08/11/2026
Македонија

ПОЧИНА Д-Р ЗОРАН СПИРОВСКИ Беше истакнат торакален хирург и екс-директор

08/11/2026
Македонија

ГО ЗЕЛ ДВЕГОДИШНОТО ДЕТЕ И ЗАМИНАЛ ВО ШВАЈЦАРИЈА Татко од

08/11/2026
Македонија

📷 „НИТУ ЕДНА ПОВЕЌЕ“, „НЕМА ДА НÈ СНЕМА“, „УШТЕ КОЛКУ

08/11/2026
Македонија

ТАЈНО ЈА СНИМАЛ, ПА Ѝ СЕ ЗАКАНУВАЛ СО ЕКСПЛИЦИТНИ ВИДЕА

08/11/2026
Македонија

ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ГИ ПРЕПОЗНА РЕФОРМИТЕ НА ЗНАМ Од 33 подготвени

08/11/2026
Македонија

СДСМ ШИРИ ПАНИКА, А МОЛЧЕЛ ЗА 110 МИЛИОНИ ОД ВЕНЕЦУЕЛА

08/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46660
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДОЖДОТ СЕ ВРАЌА, ОД ВТОРНИК ЗАТОПЛУВАЊЕ Седмицата носи променливо време и утринска магла

08/11/2026

Времето в понеделник, 9 ноември, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часо пви и во текот на

ИВА МИХАИЛОВА ОБВИНУВА ДЕКА Ѝ БАРАЛЕ ПАРИ ЗА УСЛОВНА КАЗНА Во бугарски подкаст рече и

08/11/2026

Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици, се појави со својот адвокат во подкастот на бугарскиот новинар

ПОЧИНА Д-Р ЗОРАН СПИРОВСКИ Беше истакнат торакален хирург и екс-директор на Торакална

08/11/2026

Почина проф. д-р Зоран Спировски, истакнат торакален хирург, поранешен директор на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија и професор на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy