Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ФИЛИПЧЕ ЌЕ ГО ТУЖИ Д-Р ЖАН МИТРЕВ ЗА КЛЕВЕТА Лидерот на СДСМ вели дека е предмет на јавен линч
Македонија

ФИЛИПЧЕ ЌЕ ГО ТУЖИ Д-Р ЖАН МИТРЕВ ЗА КЛЕВЕТА Лидерот на СДСМ вели дека е предмет на јавен линч

17/01/2026

AA

„Вчера, отидоа дотаму, да преку Жан Митрев, за кого како лекар не можам да кажам што мислам, ме обвинија за рекет за цела болница. Претераа. Ова веќе ги поминува сите можни граници. Што ќе смислат следно, утре ќе ме обвинат и за силување, за убиство? За што следно? Доста е веќе.

Сега ќе ги тужам. Мојот одговор преку суд ќе го добијат и наредбодавачите и извршителот“.

Вака на прес-конференција утринава изјави лидерот на СДСМ Венко Филипче. Филипче тврди дека секој ден е предмет на јавен линч, како што вели, преку груби лаги и постојана црна кампања и манипулации за „Дубаи, згради од 42 спрата, визи, Венеција, Сент Морис итн“.

„Пред некој ден ме споредија дури и со Џим Џонс, убиец на 300 деца. Го повикувам Жан Митрев нека отиде кај обвинител и нека поднесе Кривична пријава ако смее, па да одговара по Кривичен закон. Не го прават тоа затоа што знаат дека ќе одговараат, а не вака да ги тужам само за клевета. Е, затоа власта не сака реформи, не сака реформирано правосудство по европски стандарди, за токму ова да го прави“.

Според Филипче, ВМРО-ДПМНЕ ја поминалосекоја граница со, како што вели, црната кампања против него. Лидерот на СДСМ ја критикуваше власта спомнувајќи ги, според него, буџетот, „црниот капитал преку Алта банка“, наводната изолација од нашите стратешки партнери. Тој ја спореди власта со времето на Никола Груевски повторувајќи дека Македонија, според него, не е зрела за укинување на концептот на техничката Пржинска влада пред избори.

„Нема одговор на вистинските прашања. За дупката во буџетот од 2 милијарди евра, за тоа што нема пари да се зголемат платите и пензии, за мигрантите, за црниот капитал преку Алата банка, за корумпираните тендерски постапки насекаде во државата. За тоа што исплаќаат луѓе да ги поддржуваат преку јавните мрежи, преку државни институции. Видовме колку луѓе биле исплаќани преку Лотарија.

Следат списоци од скоро сите министерства и за одбрана, и за надворешни работи. Ќе видите тоа каков скандал е, па дали на тоа некој од власта ќе одговори.

Нема ништо за реалните проблеми со кои граѓаните се соочуваат секој ден. Само дефокус, јавен линч и црна кампања.

На листата сме на земји од третиот свет поради нивната политика на изолација, криминал, корупција и ноќни волци со кои што се среќаваат од врвот на владата. Ноќните волци блиски до Путин. Доста е веќе.

Граѓани на Македонија,

Оваа криминална власт доведе до тоа, да од политиката на сите да им се гади. Затоа на гласачите им е преку глава од ‘рече ВМРО’, ‘рече овој’, ‘рече оној’…

И тоа е целта од самиот почеток. Повторно се обидуваат да нè вратат во мракот, во времето од пред 10 години. Велат ‘конструктивна опозиција’? Со кого? Со ова? Сите гледаат што се прави.

На граѓаните им е потребен подобар живот, повисок стандард, повисоки плати, повисоки пензии, добра иднина, пат кон Европа, за тоа треба да зборуваме, тоа е политика“, вели Филипче.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРОБЛЕМОТ СО СОФИЈА ЌЕ СЕ РЕШИ АКО 5-6 ГОЛЕМИ ЧЛЕНКИ

13/10/2026
Македонија

„РОЗОВ ПУЛС ЗА БИТОЛА“ Грижа, поддршка и солидарност со жените

13/10/2026
Македонија

ФРАПАНТНО И НЕВИДЕНО Е ОДНЕСУВАЊЕТО НА БУГАРИЈА ЗА СЛУЧАЈОТ СО

13/10/2026
Македонија

СИЛЕН СЕВЕРЕН ВЕТЕР ЌЕ ДОНЕСЕ СТУД Променливо облачно и постудено

13/10/2026
Македонија

НИКОЛОСКИ ОЧЕКУВА СОФИЈА ДА ЈА ИСПОРАЧА МИХАИЛОВА Најголемиот проблем е

13/10/2026
Македонија

РАБОТОДАВЕЦОТ НА ЗАГИНАТИОТ ДУРМИШИ БАРА ПРАВДА „Михаилова мора да одговара

13/10/2026
Македонија

АЗИЗИ, ПЕЛИВАНОВ, РАИЧЕВИЌ, ХАЏИ ВАСИЛЕВА И ЦВЕТАНОВСКИ ВО ТРКА ЗА

13/10/2026
Македонија

ОД БРЕМЕНОСТА ДО ПРВИТЕ ЧЕКОРИ НА БЕБЕТО „Матрона“ и dm

13/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46150
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРОБЛЕМОТ СО СОФИЈА ЌЕ СЕ РЕШИ АКО 5-6 ГОЛЕМИ ЧЛЕНКИ ПОСАКАТ ПРОШИРУВАЊЕ НА ЕУ Во

13/10/2026

Доколку се врати апетитот за проширување во 5 до 6 поголеми земји членки на Европската Унија, прашањето со Бугарија нема

„РОЗОВ ПУЛС ЗА БИТОЛА“ Грижа, поддршка и солидарност со жените што се соочуваат со рак

13/10/2026

  Во Офицерскиот дом во Битола вечерва се одржа настан „Розов пулс за Битола“ со цел подигнување на свеста за

ФРАПАНТНО И НЕВИДЕНО Е ОДНЕСУВАЊЕТО НА БУГАРИЈА ЗА СЛУЧАЈОТ СО МИХАИЛОВА Истрагата ќе открие како

13/10/2026

Обвинетата Ива Михаилова, која викендов се појави на медиумите во Бугарија, нелегално ја напуштила државата, а истрагата ќе покаже како

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy