Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Филипче бара посебна Анкетна комисија за трагедијата во Кочани: „Тоа е барање на родителите“
Македонија

Филипче бара посебна Анкетна комисија за трагедијата во Кочани: „Тоа е барање на родителите“

03/12/2025

AA

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, изјави дека неговата партија ќе ги поддржи иницијативите за формирање две анкетни комисии во Собранието, вклучително и посебна комисија која ќе се фокусира исклучиво на трагедијата во Кочани.

Филипче потенцира дека постои морална и општествена обврска да се оформи одделна Анкетна комисија која ќе ја истражи оваа несреќа, нагласувајќи дека таквото барање доаѓа директно од родителите на загинатите и повредените деца.

„Нашиот став е дека ќе ги поддржиме двете анкетни комисии. Едната предложена од владеачкото мнозинство, која се однесува на сите трагедии во минатото, но сметам дека имаме обврска да организираме и посебна Анкетна комисија само за трагедијата во Кочани“, изјави Филипче.

Тој упати апел до сите пратеници да го поддржат формирањето на оваа комисија, посочувајќи дека гласот на семејствата мора да биде слушнат во Собранието.

„Мора да имаме одговорност пред општеството и државата. Тоа е пред сè на барање на родителите. Апелирам сите пратеници да го поддржат формирањето на комисија само за трагедијата во Кочани“, нагласи Филипче.

Во однос на иницијативата на владејачката коалиција за поширока Анкетна комисија, Филипче истакна дека и таа ќе биде поддржана од СДСМ, додавајќи дека експертите треба да ги земат предвид сите правни аспекти, вклучително и тоа дали во одредени случаи се водат или завршиле судски процеси.

„Имаме морална обврска пред сите кои го бараат ова од нас. Очекувам од сите пратеници да ја поддржат Анкетната комисија за несреќата во Кочани, како што и ние ќе ја поддржиме другата комисија предложена од владејачкото мнозинство“, додаде Филипче.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Тошковски: МВР има обезбедена снимка доказ за насилство во Карпош!

03/03/2026
Македонија

ДРОГА ПРОНАЈДЕНА ВО КАСАРНА Марихуана откриена во ранец на припадник

03/03/2026
Македонија

„Да не слушнам ни збор дека можела поинаку, НЕ МОЖЕЛА“:

03/03/2026
Македонија

Македонија меѓу водечките земји во Европа по економски раст во

03/03/2026
Македонија

ПРЕТРЕС ВО КАСАРНАТА ВО ПЕТРОВЕЦ: Кај припадник на армијата пронајдена

03/03/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ И ЗАЕВ ГИ ДЕЛИ САМО ЕДЕН ТЕЛЕФОНСКИ ПОВИК ОД

03/03/2026
Македонија

Кривична пријава за кражба на дрва и пустошење шума во

03/03/2026
Македонија

За што ќе одговара сопругот на починатата Ивана?

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42184
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Тошковски: МВР има обезбедена снимка доказ за насилство во Карпош!

03/03/2026

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска на прес-конференција информираше дека во рамки на истрагата за трагедијата во скопската населба

ДРОГА ПРОНАЈДЕНА ВО КАСАРНА Марихуана откриена во ранец на припадник на армијата

03/03/2026

Триесетгодишниот припадник на Армија од Прилеп, се соочува со кривична пријава откако кај него била откриена марихуана. Од СВР Скопје

„Да не слушнам ни збор дека можела поинаку, НЕ МОЖЕЛА“: Психолог со силна порака по

03/03/2026

Трагичниот настан во кој згаснаа животите на млада мајка и нејзината малолетна ќерка повторно ја отвори дебатата за институционалниот одговор

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy