Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Филипче: Ако се обединиме на патот кон ЕУ, нема пречка која нема да ја совладаме
Македонија

Филипче: Ако се обединиме на патот кон ЕУ, нема пречка која нема да ја совладаме

22/04/2025

AA

Патот кон Европската унија трае предолго, но не смее да се откажеме, мораме да се обединиме  бидејќи кога сме заедно ги обединуваме сите капацитети и нема пречка што не можеме да ја совладаме, оцени денеска Венко Филипче, претседателот на СДСМ на дебатата на Комисијата за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции за придобивките од Реформската агенда 2024 – 2027.

Тој во своето обраќање на отворањето на дебатата истакна дека Македонија дала премногу жртви без поголем резултат на патот кон Унијата но не смее да се откаже затоа што не постои никој друг извор на средства кој вложува повеќе во човечкиот капитал и најмногу тоа се гледа кај соседите кои напредуваат во преговорите.

„Сметам дека премногу долго трае нашиот пат кон ЕУ сме дале многу жртви не сме виделе многу голем резултат. Причините сите ги знаеме меѓутоа се поставува прашањето треба ли сега да се откажеме. Не постои никој друг извор на средства ниту заем којшто ќе вложи во клучната работа, а тоа е човечкиот капитал и само така ќе видиме видливи резултати кога ќе инвестираме во отворена економија, во економија којашто е базирана на знаење. Се поставува прашањето што треба да направиме. Мислам дека треба да се направи споредба. Треба да се направи споредба со некои земји коишто се приклучија во ЕУ како тие имаат пристап до сериозно големи фондови тоа се европските фондови за развој, како нивните земји практично се менуваа, пред нивните очи а и ние ги гледаме тоа се земји соседи Бугарија, понатаму Романија, Хрватска итн“, рече Филипче.

Притоа Филипче потенцираше патот кон ЕУ мора да се води заедно и обединети затоа што тоа е единствениот клуч како да се избориме против пречките кои се испречуваат при патот во евроинтеграциите.

„Време е да гледаме низ една друга перспектива да влеземе да работиме и да се бориме што и да е на масата каква и пречка да е пред нас исправена мораме да се обединиме поради тоа што кога сме заедно ги обединуваме сите капацитети. Нема пречка што не можеме да ја совладаме поради тоа што најлошото сценарио е сите овие проблеми да едноставно да ги ставиме на страна и да ги оставиме да ги решаваат следните генерации поради тоа што тоа никој нас нема да ни го прости“, рече Филипче на дебатата за придобивките од Реформската агенда.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy