
Филип Петковски го засили нападот на Вардар Неготино
Петковски е поранешен напаѓач на Работнички, Тиквеш, Хоризонт Турново, Тетекс, Шкупи, Ренова, Академија Пандев, сегашна Брера, Скопје и играч со големо искуство кој треба да помогне во целта неготинци да останат второлигаши.
Покрај него, Вардар Неготино го донесе и Борче Димовски, фудбалер за врска кој доаѓа од велешки Борец.
Неготинци во последната рунда викендов победи со 3-2 во Охрид за прв триумф сезонава.