Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Филхармонија на протест, се уште нема одговор ни решение на проблемот со сместувањето на новоформираниот Џез оркестар
Македонија

Филхармонија на протест, се уште нема одговор ни решение на проблемот со сместувањето на новоформираниот Џез оркестар

15/05/2023

AA

Оркестарот на Македонската Филхармонија, денеска во 13.00 часот ќе одржи протест пред Министерството за култура, бидејќи, како што велат од таму, се уште немаат конкретен одговор, ниту решение на проблемот кој настана со носењето на одлуката новоформираниот Џез оркестар просторно да биде сместен во објектот на Филхармонија.

„Изминативе два месеци, Филхармонија и нејзините вработени се мета на остри напади чија основна цел е ширење лаги и дезинформации со кои се прави дефокус од суштината, аргументите и фактите кои одат во наш прилог.

Во овие јавни напади и понижувања на вработените и нашата институцијата, нема ништо коректно и издржано, напротив се пласира елементарна неукост и непознавање на “материјалот”, се шири говор на омраза за нашата институција, јавно се повикува на бојкот на нашите концерти…

Некој свесно и оркестрирано сака да го избрише и фактот дека од самиот почеток им даваме поддршка на нашите колеги џезери и дека немаме ништо против тоа да одржуваат концерти (без никаков надомест) во објектот на Филхармонија.

Ние сме против одлуката просторно да се смести уште една институција на нашата адреса.

Деновиве беше извртена и симболиката на жолтите ленти, повторно на ист начин – со ширење лаги и инсинуации.

Јавноста ја дезинформираат луѓе кои никогаш не стапнале во објектот на Филхармонија, ниту пак биле на некој од нашите концерти.

Нивниот оркестриран обид за дефокус од проблемот, нема да не поколеба, ние сме сплотени како никогаш досега и ќе се бориме одлучно, со факти и аргументи против нетраспарентната одлука која Министерството за култура ја донесе зад затворени врати.

Ова не е политичка борба и ниедна политичка партија не стои зад нашите ставови и цврста определба. Ова не е борба против нашите колеги!

Ова е заедничка борба на 108 вработени во Филхармонија против штетната одлука која ја донесе Министерството за култура!“, велат од таму.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy