
Филаделфија го прегази Бруклин и докажа дека е кандидат за титулата во НБА (ВИДЕО)
Домаќинот имаше двајца ептен расположени поединци што беше доволно да се совладаат „мрежичките“. Џоел Ембид уште еднаш покажа зошто е прв фаворит за МВП признанието, со оглед што средбата ја заврши со 33 поени (7/15 од поле и 11/11 за слободни), а голема помош доби од Џејмс Харден, кој постигна 23 поени со седум тројки од 13 обиди. Токму ударот за линијата за три поени беше најсилно оружје на „сиксерси“, кои погодија дури 21 обид со 50-отстотна прецизност. Мајкл Бриџис со 30 поени беше најпрецизен кај гостите.
Вечерва играат уште Бостон селтикс и Атланта хокс, Кливленд кавалирс и Њујорк никс, како и Сакраменто кингс и Голден стејт вориорс.

