Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ФИБА ја прогласи победата на Македонија за едно од најголемите изненадувања во квалификациите
Спорт

ФИБА ја прогласи победата на Македонија за едно од најголемите изненадувања во квалификациите

27/02/2024

AA

По завршувањето на февруарскиот прозорец од квалификациите за Европското првенство, ФИБА ги одреди најголемите изненадувања од двете кола кои се одиграа во овој термин.

Во конкуренција е и победата на македонската репрезентација против Полска со 96-71. Мечот е ставен во групата изненадувања врз основа на пласманот на ранг-листата на ФИБА, а разликата меѓу Македонија и Полска изнесува 44 позиции (59-15). Најголемото изненадување го бираат читателите на интернет страницата на ФИБА.

 

Who pulled off the biggest shock of the window? 🤯

🗳️ VOTE: https://t.co/OU7X269ppN#EuroBasket x #MakeYourMark pic.twitter.com/N7hqmzjPrg

— FIBA EuroBasket (@EuroBasket) February 27, 2024

 

„Македонија во 2011 година оствари еден од најлудите резултати во поновата кошаркарска историја со пласманот во полуфиналето на Европското првенство во Литванија, елиминирајќи го домаќинот во четвртфиналето. Во 2022 година Полска оствари еден од најлудите резултати во поновата кошаркарска историја со пласманот во полуфиналето од Европското првенство, елиминирајќи ја Словенија во четвртфиналето.

Двете ‘Пепелашка нации’ се сретнаа во 2024 година, а исходот на дуелот ги враќа спомените на 2011. Црвено-жолтите ја обоија арената и не само што ја победија Полска, туку тоа го направија со 25 поени разлика, на гостински терен“, пишува во анализата на ФИБА.

Покрај победата на Македонија, меѓу другите, може да се гласа и за поразот на актуелниот европски шампион Шпанија од Белгија и Летонија, како и на светскиот првак Германија од Бугарија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Мицкоски: Минималната плата да се реши директно помеѓу работници и

31/01/2026
Македонија

Под влијание на циклонска активност во текот на ноќта и

31/01/2026
Македонија

РЕНОВИРАНА ГИМНАЗИЈАТА „КИРИЛ ПЕЈЧИНОВИЌ“ ВО ТЕТОВО Најавиени и други инвестиции

31/01/2026
Македонија

Марш во Скопје за чист воздух

31/01/2026
Македонија

Ќе се гради „Патека на бесконечноста“ во чест на жртвите

31/01/2026
Македонија

АВМУ: Судската пресуда против новинарката Лиридона е удар врз слободата

31/01/2026
Македонија

КОЧАНИ ЌЕ ГРАДИ СПОМЕН ОБЕЛЕЖЈЕ ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО „ПУЛС“ Советот

31/01/2026
Македонија

Најстудено утрово на Попова Шапка, измерени -5 степени

31/01/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 40860
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Мицкоски: Минималната плата да се реши директно помеѓу работници и работодавачи

31/01/2026

Прашањето за висината на минималната плата треба да се решава преку директен дијалог помеѓу работниците и работодавачите, додека Владата може

Под влијание на циклонска активност во текот на ноќта и утре ќе има повремени врнежи

31/01/2026

Под влијание на циклонска активност, во текот на ноќта и утре на повеќе места низ земјава се очекуваат повремени врнежи

РЕНОВИРАНА ГИМНАЗИЈАТА „КИРИЛ ПЕЈЧИНОВИЌ“ ВО ТЕТОВО Најавиени и други инвестиции во образованието

31/01/2026

Новата реконструрана зграда на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово, беше пуштена во употреба денеска, во присуство на премиерот Христијан Мицкоски,

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy