
Фиат пунто запалено во Скопје – огнената стихија зафатила и други две возила!
На 02.06.2025 во 13:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Горно Оризари, скопско, настанал пожар во патничко возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Д.М.(29) од с.Горно Оризари.
Од пожарот биле зафатени и патничко возило „фиат мултипла“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на З.Г.(33) од Скопје и патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на К.Ѓ.(68) од Скопје.
Повредени нема, а пожарот е изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје