
ФФМ по синоќешниот спектакл: Беше вечер со која сите можеме да се гордееме!
Фудбалската федерација на Македонија се огласи по синоќешниот натпревар Македонија-Англија.
„Благодарност до нашите навивачи, нашата репрезентација, селекторот и стручниот штаб и сите вклучени во организацијата на натпреварот Македонија – Англија.
Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини пред натпреварот најави дека сите ќе имаат можност да видат каква е репрезентацијата на Македонија и какви се нашите навивачи“, пишува ФФМ на друштвените мрежи.
Од тау додаваат дека се горди што за мечот Македонија – Англија беше продадена и последната достапна влезница, што покажува дека Федерацијата правилно ја утврди цената на билетите.
„Исклучително сме среќни што прекрасната фудбалска вечер помина без ниту еден сериозен инцидент. Ние тврдевме дека Македонија може да биде земја без расизам, национализам, дискриминација, вербално и физичко насилство на стадионот, а тоа го потврдивте со вашето однесување на Националната арена „Тодор Проески“.
Ви благодараме!“, велат од ФФМ.
Во продолжение и останатото соопштение:
„Колку им значат полните трибини, нашите репрезентативци покажаа со одличен настап и важен резултат, а во своите изјави ја истакнаа важноста на навивачите.
Фудбалската федерација на Македонија им се заблагодарува на Министерството за внатрешни работи и на сите институции за сработеното пред, за време и по натпреварот. ФФМ доби максимална поддршка натпреварот да помине без безбедносни проблеми. Благодариме на секој поединец што придонесе да биде таков. До следниот натпревар. Напред Македонија“.
