Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ФФМ изрече најстрога санкција: Доживотно исклучување за играч на Шкупи
Македонија

ФФМ изрече најстрога санкција: Доживотно исклучување за играч на Шкупи

25/08/2025

AA

Врз основа на собраните изјави, службени извештаи и пријавата на Комисијата за млади категории при ФФМ, Првостепената дисциплинска комисија отвори и заврши повеќе дисциплински постапки согласно Дисциплинскиот правилник.

Најсериозниот инцидент се случи на крајот од натпреварот, кога играчот на ФК Шкупи 1927 со број 9, Абдуљи Леарт, физички нападна противнички фудбалер и му нанесе сериозни повреди. Согласно член 43 став 2 од Дисциплинскиот правилник, за физички напад со потешки последици, кон него е изречена најстрога санкција – исклучување од фудбалската организација.

Во инцидентот учествуваа и играчите на ФК Шкупи 1927 – Рамадани Ибрахим (бр. 5) и Новобрдалија Амар (бр. 30), кои исто така извршија физички напад. Против нив е поведена постапка согласно член 43 став 1, по што им е изречена забрана за настап во траење од три месеци.

Дополнително, играчот на ФК Брегалница 2008 со број 4, Гоцев Симеон, реагирајќи на нападот се впушти во груба игра и пречекорена самозаштита. Неговата постапка е квалификувана согласно член 40 од ДП, за што му е изречена забрана за играње на четири натпревари.

Комисијата утврди и организаторска и колективна одговорност на двата клуба.

Против ФК Шкупи 1927 е поведена дисциплинска постапка согласно член 51 од ДП, поради физички напад од родители/навивачи врз противнички играчи, што претставува тежок прекршок од страна на гледачи. Согласно член 29, санкцијата се однесува на екипата „помлади пионери“, која го сторила прекршокот.

Против ФК Брегалница 2008 е поведена дисциплинска постапка согласно член 48 од ДП, поради слаба организација и пропуст во обезбедувањето. И оваа постапка, согласно член 29, се однесува на екипата „помлади пионери“, која била домаќин на натпреварот.

Исто така, против Алејса Виши, координатор за млади категории на ФК Шкупи 1927, е поведена дисциплинска постапка поради внесување на лажни информации во Комет системот на ФФМ, со што како шеф на стручен штаб и кондициски тренер биле заведени лица кои воопшто не присуствувале на натпреварот Брегалница – Шкупи 1927.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy