Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Толку од Водно ако го отворат патот за коли до врв, алармираат граѓани по информацијата дека ќе има ресторан на врвот од Скопје
Македонија

Толку од Водно ако го отворат патот за коли до врв, алармираат граѓани по информацијата дека ќе има ресторан на врвот од Скопје

25/08/2025

AA

Новата кула на Водно, која неодамна беше осветлена, предвидува во иднина да има ресторан со ротирачка платформа што ќе се врти за 360 степени во рок од еден час, овозможувајќи панорамски поглед на Скопје.

Идејата, сепак, предизвика поделени реакции во јавноста. На социјалните мрежи веќе се појавија критики дека ваквиот проект би можел да создаде повеќе проблеми отколку придобивки. Инфлуенсерката Ина Многуфина саркастично коментира: „Кај нас тоа ќе се врти со часови, ќе се расипе и никогаш повеќе нема да проработи. Но, важно ресторан ќе има“.

Дел од реакциите се однесуваат и на можноста за отворање на Водно за автомобилски сообраќај, што, според граѓани, би го нарушило природното и рекреативното доживување на планината.

„Сигурно никој нема да оди на вечера со жичара, бидејќи таа има пократко работно време од ресторан. Тоа значи отворање пат за коли, свадби, веселби, пијани возачи и паркирање по тревниците… толку од уживањето на врвот“, додава Многуфина.

Дел од јавноста смета дека потребно е внимателно да се преиспита идната намена на кулата, со цел да се зачува природниот амбиент на Водно.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy