Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 170 илјади работници живеат со плата под 500 евра – ССМ бара итно покачување
Македонија

170 илјади работници живеат со плата под 500 евра – ССМ бара итно покачување

25/08/2025

AA

Сојузот на синдикати на Македонија алармира дека повеќе од две третини од вработените во земјава сè уште примаат плата под државниот просек, што според нив е јасен сигнал за длабока социјална криза. Според последните податоци на ССМ, дури 170 илјади граѓани месечно располагаат со помалку од 30.000 денари, што е далеку под прагот потребен за достоинствен живот.

„Наместо да се изнајдат системски решенија, сведоци сме на постојано одложување и префрлање на одговорноста меѓу Владата, Парламентот и бизнис-заедницата. Во меѓувреме, семејствата едвај врзуваат крај со крај, а реалноста е дека со две минимални плати не може да се покријат ни основните месечни потреби,“ велат од ССМ.

Синдикатот бара итно покачување на минималната плата на најмалку 500 евра, а сите останати плати да пораснат за дополнителни 6.000 денари, со цел да се ублажи ударот од растечките трошоци на животот. Последните пресметки на ССМ покажуваат дека синдикалната минимална кошница веќе ја надминала вредноста од 65 илјади денари, што значи дека трошоците за храна, сметки и други основни потреби постојано растат.

Од Владата, пак, и натаму остануваат на ставот дека темата треба да се решава во рамките на Економско-социјалниот совет, со нагласување дека само преку дијалог и компромис може да се дојде до прифатливо решение.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy