Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Фетаи: АА е во Владата, нема планови за промена на нашите позиции во Владата!
Македонија

Фетаи: АА е во Владата, нема планови за промена на нашите позиции во Владата!

23/04/2025

AA

Арбен Фетаи, заменик претседателот на Владата задолжен за добро владеење во изјави дека членовите на Владата од Алијансата на Албанците предводена од Арбен Таравари засега остануваат во владиниот тим и оти работата во извршната власт продолжува нормално.

-АА е во Владата, нема планови за промена на нашите позиции во Владата. Продолжуваме со работа, секојдневно, како ништо да не е сменето. Вчера имавме владина седница на која не беше кажана ниту една загриженост, рече Фетаи на настан за одбележување на Меѓународниот ден на книгата во Куманово.

Вицепремиерот потврди дека премиерот Христијан Мицкоски наредните денови ќе има одделни средби со коалициските партнери АА, ВЛЕН и ЗНАМ.

-Тој (Таравари) има секојдневни контакти со премиерот Мицкоски и коалициските партнери. Некои од нас кажале, и јас велам дека соработката продолжува во Владата. Ние продолжуваме да ја работиме нашата работа, како ништо да не се случило, а верувам дека сте ги виделе и пишувањата во медиумите дека во наредните денови премиерот ќе има консултации, одделно со партиите, со коалицијата ВЛЕН, Алијансата за Албанците, ЗНАМ. Засега ништо не е променето, до консултациите што се очекуваат да се случат во наредните денови. Верувам дека нема простор за еднострани потези од ниту една партија и дека мора да се размислува за стабилноста на оваа Влада. АА со своите петмина пратеници е клучна за стабилноста на овој состав, рече тој.

Прашан како Алијансата за Албанците на Таравари ќе настапи на локалните избори, односно дали ќе коалицира со опозициските партии, Фетаи потенцира дека во оваа фаза не сака да прејудицира и оти нивната партија ќе најде решение за најдобрата понуда за граѓаните.

-Не сакам да го прејудицирам исходот од различните контакти што се случуваат во оваа фаза. Сега засега, додека разговараме и додека нема одлука меѓу коалициските партнери, ние сме дел од Владата. Не сме исклучени, продолжуваме да придонесуваме во парламентарното мнозинство. Нашите пратеници продолжуваат да ја вршат својата работа, а ние во извршната власт. Јас се надевам дека ќе се најде решение што ја нуди најдобрата понуда за граѓаните на оваа земја, како за локалните избори, така и за предвремените парламентарни избори ако тие се случат и кога и да се случат, нагласи Фетаи.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy