
„Фернандеш не заслужува да биде капитен на Манчестер јунајтед“
Кин смета дека Фернандеш е сè спротивно на тоа што треба да биде еден капитен на екипа, па поради тоа се надева дека наскоро тренерот Ерик Тен Хаг ќе му ја одземе капитенската лента.
„По денешниот меч, можам да кажам дека не ја заслужува капитенската лента. Знам дека тоа е голема одлука, но Фернандеш не е доволно добар. Тој е одличен фудбалер, но исто така е сè спротивно од тоа што треба да биде еден капитен“, кажа Кин.
