
Фернандеш: Фрустриран сум, имавме добиен натпревар и ја – за*равме!
Јунајтед беше на прагот на триумф, претворајќи ја негативата со 0-2 во водство со 3-2, но загуби со головите на Кол Палмер во деветтата и десеттата минута од надополнетото време. Овој голем неуспех ептен тешко му падна на фудбалерот од средниот ред на „ѓаволите“, Бруно Фернандеш.
„Фрустриран сум. Тешко ми е да го прифатам тоа што се случи. После ова немам што да кажам. Следува дербито со Ливерпул, сите знаеме колку значи тој натпревар. Имавме добиен натпревар и ја – за*равме., изјави Португалецот.
