
Фергусон не го дава Тен Хаг – ќе го убедува и новиот газда да му даде време
Неговата поддршка не е само усна, туку тој му ветил на Тен Хаг дека ќе лобира и кај новиот сопственик да го остави на позицијата.
„Алекс Фергусон е најголемата причина што Ерик Тен Хаг се уште е менаџер на Јунајтед. Тој е импресиониран од работата на Холанѓанецот и убеден е дека ако му се остави време, ќе го врати клубот на шампионските патеки. Дури и ако клубот добие нови газди, Фергусон силно ќе се заложи кај нив да го остават на менаџерската позиција“, изјавил неименуван извор од Манчестер Јунајтед за весникот Сан.
Неодамна, британскиот милијардер Џим Ретклиф даде понуда за откуп на 25% од акциите на Јунајтед и наскоро се очекува неговиот влез во клубот да биде официјализиран. Тој ќе се грижи за фудбалските операции што значи дека во негов домен ќе биде и назначувањето на тренерите и купување фудбалери.
