
Фердинанд: Ми се повраќа секогаш кога ќе видам дека Кејн постигнува хет-трик
За него, премиерлигашот плати 75 милиони евра, а основната идеја по која се водеше менаџментот на Јунајтед беше тоа дека тој е влог во иднината, за разлика од Кејн кој е веќе во четвртата деценија од животот, но далеку од тоа дека е на залез на кариерата. По три месеци од сезоната, Кејн веќе има 17 гола на своето конто, повеќе од цела екипа на Јунајтед во Премиер лигата, а тоа му создава мачнина на Фердинанд.
„Тој веќе го постигна третиот хет-трик, а секогаш кога ќе го видам Хари Кејн со топката која е награда за хет-трик, мене ми се повраќа. Постојано се прашувам зошто не го донесовме“, вели Фердинанд.
Манчестер Јунајтед чека титула во Премиер лигата од 2013 година, а Кејн се уште нема ниеден трофеј во својата колекција иако станува збор за еден од најдобрите англиски голгетери во историјата и прв стрелец на репрезентацијата на оваа земја.
