
Феникс го „надмина“ и Работнички – изгуби со 47 разлика
Во дуелот со домаќинот Керавнос, нашиот претставник загуби со 60-107 и дури го надмина и Работнички кој вчера од Рапид беше поразен со 30 поени разлика. Феникс пружи каков-таков отпор само во првите 12 минути, а во натамошниот дел доминираше кипарскиот тим.
Во седмата минута беше 13-11 за Керавнос, до крајот на четвртина домаќинот направи 19-13, а на стартот од вториот квартал 21-18 по што Феникс влезе во машината на противникот. Следуваше серија од 10-0 за прво двоцифрено водство, на голем одмор се замина со 45-32 за во продолжение домаќинот без поголеми проблеми да ја заврши својата работа. Во втората и третата четвртина, Феникс прими 69 поени.
Седум кошаркари на Керавнос постигнаа двоцифрен број поени, а кај Феникс тоа им успеа само на Стивенс кој реализира 14 и Рис со 11. Утре македонскиот претставник го игра вториот натпревар на турнирот, против германскиот Рошток.
