
Фенербахче тргна да купи уште една ѕвезда – Жоржињо од Арсенал!
Според информациите од Турција, Фенербахче им дал „зелено светло“ на посредници да преговараат со Арсенал за откуп на Жоржињо, како и за личните услови на Италијанецот со бразилско потекло за да дојде во Истанбул.
Тој е прва желба на Фенер, кој има и бекап опции во Гиго Родригез од Бетис и Вилфред Ндиди од Лестер.
Жоржињо не е во прв план во Арсенал, откако дојде од Челси, па досега сезонава има само 17 минути и поради тоа не е ни дел од италијанската репрезентација.
