
Фенербахче лесно ја надигра Алба во Берлин
Германската екипа имаше подобар почеток на натпреварот и водство од 26-24, но Фенербахче до полувреме ја презема предноста и замина на паузата со 51-47.
Фенербахче во третата четвртина го скрши ривалот и создаде разлика која беше недостижна за германскиот клуб.
Вилбекин со 20 поени, три скокови и шест асистенции беше најдобар кај Фенербахче, додека Браун постигна 15 поени и пет скокови за Алба Берлин.
