
Фенербахче го разнесе Твенте, Фиорентина се сопна во Виена
Два гола на Кавечи, еден на Душан Тадиќ, Шимански и Остерволде на Фенербахче му донесоа џиновска победа против Холанѓаните, а ВАР дополнително им поништи и еден гол за уште поубедлив тирумф после кој само формалност е реваншот за една недела.
Бешикташ со 3-2 го победи Динамо Киев како гостин со гол во 95-та минута, па и вториот истанбулски великан е на праг на групите и дома ќе брка заверка на визата.
Фиорентина, која е предалеку од формата од лани, загуби во Виена со 0-1 од Рапид, со гол кој домаќините го дадоа по 35 минути игра преку Грул, па сега „виола“ ќе мора на домашен терен да се вади за киксот, иако влезе како голем фаворит во овој меч.
Ференцварош е пред сигурен пласман во групите после убедливите 4-0 на гости кај Жалгирис, како и Макаби Тел Авив, кој го разнесе словенечки Целје со 4-1, додека Левски се спаси во Софија од пораз против Ајнтрахт, па ремизираше 1-1.
Без победник заврши и првиот дуел на Сепси со Бодо Глимт, додека Фарул Костанца со гол предност оди на гости во Хелсинки против финскиот гигант после триумфот со 2-1.

