Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Фатмир Меџити, министер за здравство, со куќа од 875.000 евра
Економија

Фатмир Меџити, министер за здравство, со куќа од 875.000 евра

16/05/2023

AA

Фатмир Меџити, новиот министер за здравство кој на таа позиција во Владата дојде како кадровски прелдог од Алијанса за Албанците, поседува куќа од 875.000 евра, покажува анкетниот лист што го објави Државната комисија за спречување на корупција.

Куќата од 360 метри квадратни во Скопје е од 2014 а нејзината проценета вредност е 44.280.000 денари, додека дворното место од 147 метри квадратни вреди 9.040.500 денари. Според она што е наведено кај антикорупциската комисија, недвижнините се стекнати преку наследство. Покрај тоа, од личен имот Меџити има и мерцедес бенц како возило од 2008 кое сега би вредело околу 15.000 евра. Меџити минатата година подигнал и кредит од 150.000 евра. Останатиот имот во Гостивар е претежно на името на родителите на првиот човек во здравството.

Кај министерот за правда Кренар Лога нема поголеми промени во однос на анкетниот лист како поранешен член на Државната изборна комисија, додека имотната состојба на новиот министер за информатичко општество и администрација Азир Алиу се уште не е објавен. Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов, кој на таа позиција дојде нешто пред коалицирањето на владеачкото мнозинство со Алијансата за Албанците, пријавил два стана од 100.000 и 50.000 евра во Скопје со големина од 64, односно 57 метри квадратни. Поранешниот градоначалник на Скопје, кој долго време после тоа не извршуваше значајна функција, има и девизен депозит од 40.000 евра во банка, а неговиот брачен другар има две куќи од 150.000 и 70.000 евра во Скопје.

Новиот заменик-министер за одбрана Тирон Јајага има куќа од 150.000 евра во Дебари и два стана во Скопје од 60.000 и 34.000 евра. Од возила, има пасат од 10.000 евра, произведен во 2011. Маја Манолева, избрана за заменик-министер за здравство, спредбено со анкетниот лист од раководењето како вршител на должност на Завод за физикална медицина и рехабилитација има стекнато стан преку наследство во меѓувреме во Охрид и основана приватна ординација „Физиоплус др Манолева“ како заеднички имот.

Кај Каја Шукова, министерката за животна средина, нема позначителни промени во однос на претходната позиција – државен секретар во истиот ресор. Кај Викторија Аврамовска Мадиќ, заменик-министерката за правда, нема поголеми промени во пријавениот имотен статус од времето кога беше секретар на Град Скопје. На Вјолца Бериша, заменик-министерката за земјоделство, шумарство и водостопанство, нема се уште податоци од ДКСК.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

🎥 ПОЛИЦИЈАТА ИСТРАЖУВА КОЈ ГО ФРЛИ НА ЗЕМЈА МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ

29/11/2026
Македонија

ЗАБРАНА ЗА КАМИОНИ НА 4 ПАТНИ ПРАВЦИ Патиштата се проодни,

29/11/2026
Македонија

НЕМА ПОВРЕДЕНИ ВО ВОЗИЛОТО ШТО ИЗЛЕТА НА ПАТОТ СТРАЖА –

28/11/2026
Македонија

В НЕДЕЛА СНЕГ, ПОТОА ЌЕ СТЕГНЕ СТУДОТ Утрински температури од

28/11/2026
Македонија

ВОЗИЛО ИЗЛЕТА КАЈ ПАТОТ СТРАЖА-ГОСТИВАР Во тек е спасувачка акција

28/11/2026
Македонија

СКОПЈЕ ЌЕ ЈА ПРЕЧЕКА НОВАТА ГОДИНА БЕЗ ОГНОМЕТ НА ПЛОШТАДОТ

28/11/2026
Македонија

СЕ ЧИСТИ СНЕГОТ НА ПРЕВОИТЕ, ДЕЖУРНИТЕ НА ТЕРЕН Сите патни

28/11/2026
Македонија

БРУТАЛНОТО ПРЕТЕПУВАЊЕ ВО ГОСТИВАРСКО СЕ ИСТРАЖУВА КАКО УБИСТВО ВО ОБИД

28/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46985
  • Регион 4000
  • Свет 23
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

🎥 ПОЛИЦИЈАТА ИСТРАЖУВА КОЈ ГО ФРЛИ НА ЗЕМЈА МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ ВО ГОСТИВАР Симболот е вратен

29/11/2026

Полицијата истражува кои се сторителите што го симнаа македонското знаме од јарбол во центарот на Гостивар. Станува збор за државното

ЗАБРАНА ЗА КАМИОНИ НА 4 ПАТНИ ПРАВЦИ Патиштата се проодни, „Македонија пат“ апелира возачите да

29/11/2026

Сите патни правци се проодни, а екипите го расчистуваат снегот со сета расположлива механизација, соопшти утрово ЈП „Македонија пат“. Од

НЕМА ПОВРЕДЕНИ ВО ВОЗИЛОТО ШТО ИЗЛЕТА НА ПАТОТ СТРАЖА – ГОСТИВАР Автомобилот се движел со

28/11/2026

Нема повредени во возилото што вечерва излета на патниот правец од превојот Стража кон Гостивар, неофицијално дознава Плусинфо. Според првичните

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy