
Фанови на Рома уаспени уште на аеродромот во Лондон!
Денеска Рома му гостува на Брајтон во реванш мечот од Лига Европа, римската волчица го доби првиот дуел со 4-0.
„Газета дело Спорт“ пишува дека пет-шест фанови на Рома правеле проблеми на летот од Рим до Лондон и кога слетале веднаш биле уаспени од англиската полиција.
Наместо да го продолжат патот кон Брајтон, тие завршиле во полициска станица.
Се очекува околу 1.500 фанови да бидат присутни на вечерашниот натпревар.
Инциденти имаше и во Рим пред првиот дуел меѓу овие екипи. Тогаш двајца фанови на Брајтон беа избодени во италијанскиот главен град.
