
Фан на Манчестер Сити веќе ја истетовира тројната круна! (ФОТО)
Манчестер Сити е на прагот да освои историска тројна круна, досега триумфираше во Премиерлигата и ФА Купот, им фали само уште трофејот од Лигата на шампионите.
Тимот на Пеп Гвардиола е голем фаворит против Интер, па еден нивни навивач реши да се коцка и предвреме да си направи тетоважа од тројната круна.
Дали ќе треба да прави корекција, ќе дознаеме во сабота кога се игра финалето од Лигата на шампионите.