Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ФАЛАТ ПОЛОВИНА МИЛИОН РАБОТНИЦИ: Еве кои професии им требаат на германските работодавци
Економија

ФАЛАТ ПОЛОВИНА МИЛИОН РАБОТНИЦИ: Еве кои професии им требаат на германските работодавци

30/05/2023

AA

Германија се соочува со голем недостиг на квалификувана работна сила, практично во сите гранки. Најголеми проблеми има во секторот за социјална работа.

Здруженијата на работодавачи уште минатата година објавија дека бараат зголемена имиграција на работници.

Според последното направено истражување, помеѓу 2021 и 2022 година, на пазарот на трудот во Германија недостасуваа повеќе од половина милион квалификувани работници. Ова е резултат на студијата спроведена од Институтот за германска економија (IW) во Келн. Регистрирани се вкупно 537.923 непополнети работни места.

Најмногу проблеми со вработувањето стручен труд во изминатите 12 месеци имало во секторот за социјална работа. Таму има 20.578 непополнети работни места, што е нов рекорд, тврди IW. „Станува збор за професионалната работна сила која недостасува, на пример, во социјалната работа во училиштата, работата со млади, деца и во домовите за стари лица или во советувањето на зависниците. Значи во сите оние области каде што е потребна човечка поддршка за решавање социјални проблеми“, пишуваат авторите на студијата Хелен Хикман и Филис Конеберг.

Недостиг од работници во многу сектори

Сличен недостиг на стручна работна сила е забележан и во секторот каде што работат воспитувачи од предучилишна возраст – 20.500 работни места сè уште се непополнети. „Ова е рекордна вредност во тој сектор“, се вели во студијата на IW. Во домовите за стари лица недостигаат 8.279 негувателки, потребни се 16.974 електротехничари, а уште 16.839 работници се потребни во здравствениот сектор, односно грижата за пациентите.

Сè потешко е да се најде професионална работна сила за санитарните компании, односно оние компании кои се занимаваат со системи за греење или одржување на климатизација. Им недостасуваат 14.013 работници. Германските компании бараат 13.638 ИТ специјалисти, 12.060 физиотерапевти, 11.771 техничари за одржување на моторни возила и 10.562 професионални возачи. За возачите, IW предвидува дополнително заострување на состојбите на пазарот на трудот, со оглед на фактот дека „вработените се натпросечни стари и имајќи го предвид недостатокот на помлади луѓе“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy