Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ФАЛАТ ПАРИ ВО ПЕНЗИСКИОТ ФОНД: Се бара начин за полнење на дупките
Економија

ФАЛАТ ПАРИ ВО ПЕНЗИСКИОТ ФОНД: Се бара начин за полнење на дупките

13/12/2024

AA

Проекции се прават од сите страни, а клучно е дека постои свесност дека недостасуваат средства во Пензискиот фонд и дека е потребно да се изнајде решение за санирање на дупките во фондот, порача денеска Глигор Бишев, претседателот на Фискалниот совет. 

-Ние имаме дијагноза и дијагнозата е заедничка. Постои консензус, а тоа е дека има недостаток на  средства. Останува да се утврди терапија. Терапијата се дискутира и ние не сме замена за носителите на економските политики. Тоа во една поширока дебата е решение што на крај треба да го усвојат и да го решат носителите на економските политики, изјави Бишев во одговор на новинарско прашање пред почетокот на презентацијата на Извештајот на Светска банка за земјава.

Оцени дека доколку не се изнајде решение, тогаш Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на долг рок ќе мора да се финансира од буџетот. 

-За  2025 и 2026 година тој процент достигнува 37-38 проценти од вкупните исплати за пензии и тоа не е нешто што не е вообичаено, меѓутоа ние укажуваме дека тој обем претставува сега товар и за самиот буџет. Тие се големи средства и заради одржливост на буџетот ќе треба да се најдат соодветни приходи во рамките на буџетот, бидејќи и средствата во буџетот имаат одредени намени, рече Бишев. 

Истакна дека исплатите за пензии коишто учествуваа со 8,8 проценти од БДП оваа година достигнуваат околу 10,3 проценти од БДП, а со најавеното зголемување во 2026 година доаѓаат до 11,5 проценти од БДП. 

-За да се зголеми учеството на пензиите во БДП треба нешто друго да се намали – дали е тоа лична потрошувачка, дали е инвестиции, дали се плати. Ние го изнесовме тоа, укажавме и сега останува да се дефинираат соодветни политики. Една од политиките е тоа учество на долг рок да остане со тој процент, појасни Бишев.

Одби да коментира дали е добра опцијата за национализација на Вториот пензиски фонд како што некои предлагаат.

-Тоа не е наше да коментираме. Ние сме независно стручно тело кое има функција да укаже на ризиците што постојат за стабилноста на јавните финансии. Ние тоа го направивме и не сакаме да ги преземаме функциите што се на носителите на економските политики, а тие функции се на Владата и ние целосно веруваме дека Владата има експерти и соодветни институции кои ќе изнајдат соодветно решение, укажа Бишев.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЗА ПОЧЕТОК МЕКА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ПУШЕЊЕ? Речиси пола

15/02/2026
Македонија

Елмас меѓу најплатените регионалните ѕвезди – каде лежат милионите во

15/02/2026
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ ГО ПОВИКА ОБВИНИТЕЛСТВОТО ДА ЈА ИСТРАЖИ ВРСКАТА НА ЗАЕВ

15/02/2026
Македонија

„САМО ШТО ЗЕДОВМЕ МИЛИЈАРДА“: Владата мерка ново задолжување до 300

15/02/2026
Македонија

ГОЛЕМ ОДРОН КАЈ СЕЛОТО КОЛАРИ Забрана за автобуси од Лисец

15/02/2026
Македонија

15 ВОЗАЧИ ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА Двајца малолетници меѓу оние кои

14/02/2026
Македонија

ВРЕМЕТО СЕ МЕНУВА ДРАСТИЧНО Дожд, бури, а на планините и

14/02/2026
Македонија

Муцунски: Германија останува клучен партнер во македонските евроинтеграции и економската

14/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41485
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЗА ПОЧЕТОК МЕКА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ПУШЕЊЕ? Речиси пола нација пуши, а трендот е

15/02/2026

Дали Законот за заштита од пушење ќе стартува од 1 март како што се предлага во законското решение или ќе

Елмас меѓу најплатените регионалните ѕвезди – каде лежат милионите во 2025?

15/02/2026

Кога спортскиот успех ќе се претвори во бројки и ќе се сведе на иста валута, станува јасно дека регионалната спортска

ВМРО-ДПМНЕ ГО ПОВИКА ОБВИНИТЕЛСТВОТО ДА ЈА ИСТРАЖИ ВРСКАТА НА ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ СО МАРИХУАНАТА Дуото

15/02/2026

По сѐ што Филипче и СДС, се обидуваат да ѝ сервираат на јавноста околу темата за канабис, редно е да

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy