Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Фактор прашува: Дали конечно има решение за зградата на Еуростандард банка?
Економија

Фактор прашува: Дали конечно има решение за зградата на Еуростандард банка?

15/09/2023

AA

Кој ја кочеше досега продажбата на зградата на Еуростандард банка? Зашто
институциите покажуваат нефикасност, и не ги спроведуваат постапките кои од нив
се очекуваат. Кој има интерес од нејзиното непродавање? А очигледно е дека губат
речиси сите штедачите, доверителите, граѓаните, државата. Губи од вредност и
самиот објектот, кој повеќе од две години не се одржува и кој е во опасност да
пропадне и да загуби уште повеќе од својата сегашна вредност.

Две
лицитации беа неуспешни, а од третата предходно одложена, денес чекаме одговор!

Несомнено е
дека работите треба брзо да се решаваат. Кој одлучува за тоа стечајниот
управник, одборот на доверители, на крај на денот јавноста тоа и не ја
интересира, туку дали конечно зградата ќе се продаде и ќе се обештетат
депонентите.

Останува да
видиме дали повторно влегуваме во институционален вртлог кој ќе го обезвредни и
она малку вредно што остана од оваа Банка. Дали во сето ова има и политика!
Дали тесни лични интереси доминираат над државните интереси. Бројни отворени прашања!.

Логично се
поставува и прашањето дали повторно ќе дозволиме објекти кои се функционални да
пропаѓаат!

Редакцијата
на Фактор од самиот почеток ги следи случувањата со зградата на Еуростандард
банка и информира за се што е поврзано со неа. Главната деловна зграда на Еуростандард
банка е можеби еден од малкуте вредни имоти за обештетување на депонентите.

Македонската
компанија Пантелеон ГС е единствена која покажа интерес на сите три лицитации.
Станува збор за реномирана и респектабилна брзо растечка македонска аутсорсинг
компанија која работи за компании на американскиот пазар. Компанијата има
амбициозни планови за раст и развој, и во најскоро време сака и да го удвои
бројот на вработени кој во моментов брои околу 110 талентирани млади луѓе.

Колку вреди
оваа зграда?

Објектот има вкупна
површина од 3489 квадратни метри, во кои влегуваат 1512 м2 под земја наменети
за трезор, архива, помошни простории и 20 паркинг места. Канцеларискиот простор
е само 1977 м2. Објектот ревизорската куќа РСМ Македонија го проценува на 5,3
милиони евра. Објектот не се продава парцијално туку целосно, и навистина
станува збор за голем износ на средства за македонски услови кои треба да се
издвојат за овој деловен објект.

Деловната зграда на Еуростандард
банка е лоцирана во строгото централно подрачје на град Скопје, надворешно
изгледа атрактивно и секако е штета да не се користи од некого. Особено што со
текот на времето ако не се одржува, ќе се обезвреднува и “може да ја прегази
времето”!

Останува да видиме
дали во оваа зграда ќе работат млади луѓе кои од Македонија ќе го живеат својот
американски сон, или пак зградата ќе пропадне и никој нема да биде обештетен.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy