Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ФАКТОР НА ТЕРЕН: Еве кој ја почитува владината одлука за намалување на цените
Економија

ФАКТОР НА ТЕРЕН: Еве кој ја почитува владината одлука за намалување на цените

16/03/2023

AA

Цените во
големите синџири маркети се променети. Утринската посета на дел од поголеми
ланци маркети во главниот град покажува дека основните продукти кои беа
опфатени со владината одлука имаат нови пониски цени.

Млекото, дел од
тестенините се со пониски цени. Дури и сирењата и кашкавалите имаат благо
намалени цени. Па така на пример во дел од маркетите може да се најде трајно
млеко и за 61 денар, но тоа е само во маркетите кои важат за поевтини, односно
кои имаат пониски маржи. Во дел од синџирите маркети млекото се продава по цена
од 65 до 72 денари.

Граѓаните секако
заинтересирани за одредбата, прво прашуваат дали млекото има пониска цена, па
потоа купуваат.

– 
Прво
прашав дали млекото се продава по намалена цена, па потоа земав. Гледам дека
имаат истакнато нови цени, ама да си прашам дали и на каса се сменети цените –
вели една скопјанка која ја затекнавме во голем маркет во гратскиот трговски
центар.

За потсетување Владата донесе одлука за намалување
на цените на тестениние и на млечните производи за 15 и 10 проценти. Одлуката
ќе се применува до 31 мај 2023 година.

Од маркетите накратко велат дека одлуката се
почитува и дека од денеска имаат нови цени на дел од производите опфатени со
мерката. Покрај млекото, со нови цени се и урдата, павлакта, јогуртот…

Синоќа се огласи
и првиот човек на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски кој
потенцираше дека од денеска на терен ќе бидат инспекторите кои ќе контролираат
дали се почитуваат одлуките на Владата за намалвуање на цените на тестенините,
млекото и млечните производи.

– Трговците имаат
обврска да ги усогласат цените, во спротивно ќе следуваат високи казни, без
селекција! Работиме во интерес на граѓаните! Се носат
позитивни одлуки и решенија, а следува намалување на цени и на други основни
производи!Ваквите мерки очекувам да бидат поттик за
трговците самоиницијативно да ги намалат цените и на останатите производи кои
се неопходни за граѓаните – напиша Трајковски на Фејсбук.

Надлежните исто така
најавуваат анализи за можни понатамошни мерки за замрзнвуање или намалување на
цените на основните прехрамбени производи. Вицепремиерот за економски
прашања Фатмир Битиќи најави дека се следат и цените на овошјето и зеленчукот
кои, исто така, ако трговците, но и производителите сами не ги намалат, можно е
Владата да реагира со нова Одлука.

П.О. 

Фото: Принтскрин/Фејсбук

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy