Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уште еден масакр во Србија, момче уби 8 луѓе, а таткото на Коста доби 30 дена притвор
Регион

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уште еден масакр во Србија, момче уби 8 луѓе, а таткото на Коста доби 30 дена притвор

05/05/2023

AA

МАСАКР ВО МЛАДЕНОВАЦ

Урош Блажиќ, кој синоќа кај Младеновац во Србија уби осум лица, а рани 14 e oднесен во полициската станица во Смедерево.

Специјалците вооружени го донесоа во бел комбинезон, со лисици на грбот, држејќи му ја главата надолу.  Има само чорапи на нозете, а неговата облека е испратена на вештачење.

Како што неофицијално дознава Телеграф.рс, полицијата го одвела да ја пронајде и предаде автоматската пушка од која пукал, а доцна попладнето пристигнал во полициска станица. Урош Блажиќ утрово е уапсен во близина на Крагуевац откако цела ноќ бегал од полицијата. Потерата по него траела осум часа, селата околу Младеновац биле блокирани, а тој е уапсен во петокот наутро околу 8 часот во селото Вињиште кај Крагуевац, каде што живеат неговите роднини. Вујкото и дедото на убиецот потоа биле уапсени под сомнение дека му помогнале да се скрие. 

Мештаните велат дека се работело за проблематично семејство.  

ТАТКОТО НА КОСТА ДОБИ 30 ДЕНА ПРИТВОР

30 дневен притвор доби Владимир, таткото на Коста Кечмановиќ кој уби осум ученици во училиште и чувар.

Вишиот суд во Белград му одреди 30-дневен притвор, соопшти судот. Како што јави дописникот на МИА од Белград, притворот му е одреден поради „постоење на посебни околности кои укажуваат дека може за краток временски период да го повтори кривичното дело, како и поради тоа што за кривичното дело што му се става на товар е предвидена казна затвор над десет години, а начинот на извршување и тежината на последиците од кривичното дело доведоа до вознемиреност на јавноста која може да го загрози непреченото и правично водење на кривичната постапка“.

Тој на сослушувањето кажал дека не е виновен. 

КАЈ НАС АКТИВИРАНИ МЕЈЛОВИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО

Младите, родителите и воопшто граѓаните можат да пријавуваат врсничко насилство на prijavinasilstvo@mon.gov.mk и paraqitdhune@mon.gov.mk на албански јазик. Адресите се веќе активни и по секоја пријава веднаш ќе се постапува.

Mинистерството за образование и наука (МОН) отвори електронски адреси за пријавување на врсничко насилство.

МВР СО ВАЖНА ВЕСТ ЗА ПОСЕДУВАЊЕТО ОРУЖЈЕ

Mинистерството за внатрешни работи објавува повик за задолжителна замена на дозволите за оружје. 

Станува збор за задолжителна замена на дозволите за оружје издадени до 31.12.2006 година

„Сите граѓани и правни субјекти задолжително треба да ги заменат дозволите и овластувањата, издадени согласно Законот за набавување, поседување и носење на оружје. Барањата за нови дозволи се достапни на веб страната на Министерството за внатрешни работи mvr.gov.mk или во Отсеците за оружје, експлозивни и опасни материи на Министерството за внатрешни работи, според живелиштето на граѓаните, односно седиштето на правното лице, секој работен ден во период од 8:00 до 16:00 часот најдоцна до 04 јуни 2023 година. 

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Кризата како да не се одрази на пазарот на недвижнини. Податоците покажуваат дека минатата година има раст на вредноста на купени и продадени имоти, а благ раст има и кај закупот на имоти. Но, од друга страна има намалување на бројот на имоти кои се ставени под хипотека.

Ланското бесправно користење, односно загубите на електричната енергија, не чинеле неверојатни 157 милиони евра што сме ги платиле преку сметките за струја. Цехот во текот на 2022 бил уште поскап од 2021, и тоа под позитивна околност што лани ЕСМ Продажба одлучи за ЕВН Електродистрибуција да го покрие поголемиот дел од неовластеното користење на струја од потрошувачите со многу поевтина цена за надоместување на комерцијалните загуби во електродистрибутивната мрежа во однос на приватните снабдувачи.

Иако раководството се обидуваше до последен здив да се бори за да го спаси некогашниот градежен гигант, за „Бетон“ од Скопје веќе нема враќање назад.

Секоја акција на УНИ Банка носи бруто дивиденда од 283 денари што е за 60 отсто повеќе од дивидендата исплатена лани. Вкупно ќе биде исплатен бруто износ од 2,51 милиони евра од кои околу четврт милион евра ќе ги земе УЈП врз основ на даноци за заддршка или персоналец. Околу 300 домашни акционери ќе поделат меѓу себе нето износ од 475.000 евра

Стотици македонски граѓани секој викенд одат на шопинг во Врање во соседна Србија. Како што пишуваа српските медиуми „инвазија“ на Македонци има во овој град. На улиците се слуша македонски јазик од големиот наплив на туристи. Оваа дестинација е блиску и е достапна за македонскиот џеб.

Вчера на Македонската берза помина блок трансакција со акциите на Фудбалскиот клуб академија Пандев од Струмица.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy