Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се зголемува минималецот, работниците ќе земаат 20.175 денари
Економија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се зголемува минималецот, работниците ќе земаат 20.175 денари

14/03/2023

AA

СЕ ЗГОЛЕМУВА МИНИМАЛЕЦОТ

Сојузот на синдикати на Македонија објави дека завршила седницата на Економско-социјалниот совет, како последна инстанца, на која се донела дефинитивната одлука минималната плата која работодавачите треба да ја исплатат од овој месец да изнесува 20.175 денари.

Годинава ќе ја завршиме со 7,1 отсто инфлација, а минималната плата во 2024 година ќе се доближи до просечната плата од 2016 година, кажа министерот за економија Крешник Бектеши во емисијата „10 минути“ на ТВ21. 

Минималната плата се зголеми за 12 процентни поени, што значи номинално ќе има повеќе средства за трошење, рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во гостувањето во Сител телевизија. Тој додаде дека не се согласува со пресметките дека растот на минималната плата ќе биде изгубен поради инфлацијата.

СЕМЕЈСТВОТО НА ИСЧЕЗНАТИОТ САМОИЛ Е ЗАГРИЖЕНО ЗАТОА ШТО НЕМААТ НИКАКВА ИНФОРМАЦИЈА

Семејството на исчезнатиот Самоил Костадиновски, веќе 10 дена чека да слушне информација дали тој е жив. Семејството испраќа молба до граѓаните да им помогнат со било каква информација да го најдат. Самоил е внук на македонскиот политичар, Љубе Бошкоски, има три годишно дете, а второто е на пат.

„На трети март се губи секоја трага од нашиот Самоил. Индициите наведуваат дека е киднапирање, а не самоволно исчезнување. Загрижува неажурноста на надлежните да се пронајде мојот сопруг.

ПОМАЛКУ МАКЕДОНЦИ ДОБИВААТ БУГАРСКИ ПАСОШ

Се помалку Македонци сакаат да станат бугарски државјани во последните три години Причината за новиот тренд се новите правни спорови, а не толку билатералните односи и ветото на Бугарија во преговорите на Северна Македонија со ЕУ, објави 24 Часа.

Во 2019 година се отворени 10.688 досиеја за барања на Македонци за државјанство по основа на нивното бугарско потекло, покажуваат податоците на Министерството за правда за „24 Часа“. Во следните 3 години пак, тие изнесувале нешто повеќе од 8.000.

24.370 се на број Македонците кои во истиот четиригодишен период добиле државјанство. Тие се повеќе од претходно поднесените пријави, бидејќи се во постапка која е започната одамна.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Ситни акционерски промени се случиле во домашната фармацевтска компанија „Реплек“.

Компанијата, преку ценовно чувствителна промена на Берзата извести дека еден од акционерите, Владимир Пецовски купил четири акции, додка, пак, Славица Туџарова-Трајковска, продала 24 акции. 

Безмалку 12 милиони евра по километар ќе чини изградбата на автопатите по Коридорот 8 и Коридорот 10д, а министерот за трaнспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми, тврдат дека, по актуелните цени, тоа е многу поевтино во однос на тарифите кои важеле порано во регионот.

Цените на прехрамбените производи вртоглаво пораснаа. Трошоците на граѓаните за основни продукти драстично се зголемија. Бројките говорат дека во период од една година цените на сите производи во малопродажба се зголемиле. Граѓаните честопати коментираат оти денеска за истите продукти даваат двојно повеќе пари, отколку пред една година.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy