ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се враќа евтината дневна тарифа, цените на храната ќе скокнат, но и платите на функционерите
ОД ДЕКЕМВРИ СЕ ВРАЌА ЕВТИНАТА ДНЕВНА ТАРИФА НА СТРУЈАТА
Дневна евтина тарифа ќе има од 13 до 15 часот од декември.
Домаќинствата евтината дневна тарифа на електричната енергија ќе може да ја користат од 13 до 15 часот, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Оваа бенефиција граѓаните ќе започнат да ја користат од декември.
Дневна евтина тарифа ќе стартува во декември, граѓаните ќе можат да ја користат во периодот од 13 часот до 15 часот и секако останува на сила и ноќната евтина тарифа од 22 часот до 7 часот изутрина.
ХРАНАТА ЌЕ ПОСКАПЕ
Граѓаните ги засега кои производи од утре ќе поскапат. Од Управата за јавни приходи (УЈП), објавија детали околу новините во измените и дополнувањето на Законот за ДВВ.
Се работи за две групи на прехрамбени производи. Во едната даночна група се даночат производи кои се основни прехрамбени продукти со 5 отсто данок за ДДВ, додека пак други производи кои не се сметаат за основни производи за човечка исхрана ќе се даночат со 10 отсто.
ПЛАТИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИТЕ ЌЕ СЕ ЗГОЛЕМАТ
Ќе пораснат платите на функционерите.
Од јануари 2024 година платата на сите функционери ќе расте со порастот на просечната плата, којашто годинава е повисока во однос на лани, па и зголемувањето ќе биде поголемо.
Со следното зголемување, функционерите ќе земаат до 400 евра повисоки плати. Шефот на државата, следната година ќе зема околу 190.000 денари плата, премиерот Димитар Ковачевски 180.000, а пратениците над 122.000 денари.
РУСКОСКА ОБЈАСНИ КАКВИ ПРИТИСОЦИ ТРПЕЛА
Истите личности кои ми нудеа да бидам заменик-државен обвинител за да се прекине истрага за предмет, се оние кои се обидуваа да ми вршат притисок додека го водев Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција – вели во интервју за А1.он обвинителката Вилма Русковска.
Таа не открива кој ѝ дал таква понуда, но рече дека тоа го кажала пред членовите на Судски совет, кој расправаше за нејзината суспензија и разрешување.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
Која општина одвоила повеќе средства за справување со енергетската криза, а која за надминување на ценовниот шок.
Пензионерите не се задовoлни од покачувањето на пензиите. Иако беа ветени 6.8 отсто, тие добија зголемување од 5.3 отсто.
Сопругата на министерот за финансии Фатмир Бесими купила и инвестирала во имот со вредност поголема од 200.000 евра за нецела 2023 година. Ова го покажуваат ажурираните податоци од анкетниот лист на владиниот функционер кај Државната комисија за спречување на корупција.
Огромни ненаплатливи побарувања од кражби и поткраднувања од вработени, високи долгови и хроничен раст на загубите. Состојбите во големиот државен загубар Македонска пошта се влошуваат од година во година, а ревизорите кои го чешлале нивното работење за минатата година, само ја потврдиле таквата состојба.