Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ФАКТОР НА ДЕНОТ: Над илјада производи ќе се продаваат со замрзнати маржи до крајот на април
Економија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Над илјада производи ќе се продаваат со замрзнати маржи до крајот на април

19/02/2025

AA

ЗАМРЗНАТИ МАРЖИ НА МНОГУ ПРОИЗВОДИ

Заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески денеска изјави дека се ограничуваат маржите на повеќе производи. Опфатени ќе бидат млекото, брашното, јајцата, киселото млеко и други. Ограничени маржи ќе има и за свежото овошје и зеленчук, но и на средствата за лична хигиена. 

Се утврдуваат и највисоки цени на осум групи на производи. Највисоки цени се оние кои се применувале на 1 февруари. 

Владата на денешната седница донесе две одлуки со кои за 102 групи производи се ограничуваат маржите во трговијата на големо и на мало, а за осумте најосновни производи практично се замрзнуваат цените на ниво од 1 февруари годинава. Двете одлуки ќе стапат на сила следниот ден откако ќе бидат објавени во Службен весник, а ќе траат до 30 април, беше соопштено на прес конференција во Владата. 

ГАШИ ДОБИЛ ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ

Собранискиот спикер Африм Гаши добил закани по живот на мејл. 

По интервјуто на спикерот за емисијата „360 степени” емитувана синоќа, на службениот мејл на Гаши стигнала порака со заканувачка содржина, во која се вели дека ќе влезат во Собранието и ќе „има бесење“ на сите што се за Бугарите ако се усвојат уставните измени, објави порталот 360 Степени.

„Уставни измени никогаш, никогаш, никогаш да има, ќе има бесење и колење и убивање на сè бугарско, фашистичко. Тие се фашисти и нивното место е на бесилка, да се лекуваат од болеста што ја имаат.

И МИТКО ЈАНЧЕВ ПРИЈАВИЛ ЗАКАНИ

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев повторно пријавил закани од страна на сограѓанин, откако пред самиот крај на минатата година едно лице веќе беше уапсено.

– Вчера во 14:05 часот во ОВР – Кавадарци, М.Ј., на возраст од 43 години – градоначалник на општина Кавадарци, пријавил дека Н.Ј. на социјална мрежа и на телефон му упатувал закани. Се работи на расчистување на случајот, објави СВР – Велес. 

Кавадарчанецот С.М. (29) претходно беше лишен од слобода и доби кривична пријава откако преку социјалните мрежи му се заканувал на градоначалникот Јанчев и неговата фамилија. 

Градоначалникот на Кавадарци денеска потврди за МИА дека тој и неговата фамилија биле мета на закани.

СРЕДБА ВО РИЈАД ЗА УКРАИНА

Новинарката на „Фокс њуз“ и дописничка од Белата куќа, Жаки Хајнрих извести дека САД и Русија моментно расправаат за план за мир во Украина во три фази – примирје, избори во Украина и потпишување на финален договор.

По разговорите меѓу САД и Русија, Стејт департментот извести дека американската и руската делегација се договориле за „отстранување на пречките“ за билатералните односи и за продолжување на подготовките за преговори за руската војна против Украина. Конректно, договорено е именување на „тимови на високо ниво“ за преговори за Украина.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Владата во текот на оваа година планира да ја разгледува можноста за изградба на наменска гасна централа која ќе произведува електрична и топлинска енергија за потребите на клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Младите велат дека за дружење со пријателите, излегување во кафулињата им се потребни пари кои ги добиваат од родителите. Според нивните одговори, месечно трошат по 50 или 100 евра за социјализација, но признаваат дека имаат и врсници кои често не им се придружуваат на прослави по некој повод, празник, шетање, излегување во кафулиња, поради немање финансии.

За сума од близу еден милион евра се продаде управувачкиот пакет акции на компанијата „Стоковна куќа“ Корзо, односно Јавор од Битола.

Дивидендниот потенцијал на трите најголеми банки сега е 580 милиони евра. Колку пари од тие ќе завршат како награда за акционерите во форма на дивиденда ќе видиме наскоро

Горазд Поповски, како независен член, Сашко Бошков, Олга Павлова, и Горан Марковски како независен член. Тие ќе бидат нови членови на Надзорниот одбор на „Македонијатурист“, соопшти компанијата преку Македонската берза, откако вчера се одржа вонредното акционерско собрание на таа компанија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy