Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии во Будимпешта потпиша договор за задолжување во износ од 500 милиони евра
Економија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии во Будимпешта потпиша договор за задолжување во износ од 500 милиони евра

09/10/2024

AA

МАКЕДОНИЈА СЕ ЗАДОЛЖИ ОД УНГАРИЈА, ДОГОВОРОТ Е ПОТПИШАН

Mинистерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска вели дека денеска во Будимпешта  е потпишан Договорот за заем од 500 милиони евра со унгарската Експорт-импорт банка, обезбедена е ликвидност на Буџетот, но и поддршка на општините и компаниите.

„Со потпишување на Договорот денеска обезбедуваме 500 милиони евра за буџетска поддршка, за поддршка на локалниот развој преку проекти во општините, како и за поддршка на економијата. Тоа беше повеќе од потребно за нашата економија, која во првиот квартал имаше многу слаба економска активност и бараше мерки кои ќе направат раздвижување и забрзување на економската активност. Исто така, и реализацијата на проектите во општините претставуваа неопходност затоа што и тие ќе имаат позитивно влијание врз економската активност, а дополнително со нив ќе решиме и горливи проблеми на граѓаните“, рече министерката.

СЕ РАБОТИ НА НОВИ РЕШЕНИЈА СО БУГАРИЈА

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани денеска порача дека Владата е во фаза на интерни разговори за изнаоѓање нови решенија во врска со евроинтеграциите на земјава и надминување на спорот со Бугарија.

Во потенцијалните решенија, според кажувањата на Муртезани, нема да бидат исклучени уставните измени, туку во фокус ќе бидат барања со кои земјава ќе се осигури дека процесот нема да биде предмет на дополнителни блокади.

ДСЗИ ОБЈАВИ ИЗВЕШТАЈ ЗА ПОЧИНАТОТО БЕБЕ

Државниот санитарен и здравствен инспекторат(ДСЗИ) попладнево излезе со информација за спроведениот вонреден инспекциски надзор на Клиниката за детски болести, Клиниката за респираторни заболувања кај децата „Козле“ и приватната здравствена установа Ехолаб – ординација по општа медицина, во врска со третманот и лекувањето на починатото 14-месечно бебе од Скопје.

Во извештајот се посочува дека детето е однесено кај матичниот лекар на 30 септември со симптоми на повраќање при што е утврдено дека нема температура, а грлото му било лесно зацрвенето и аускултаторно без наод на белите дробови.

ИЗБРАНИ ПОРТПАРОЛИ ВО ВЛАДАТА

Во Владата денеска се одржа 25-та владина седница на која се избрани портпаролите на Владата на Република Северна Македонија.

За портпарол на Владата е избрана Марија Митева. М-р Марија Митева по професија е дипломиран правник на Универзитетот Св. Кирил и Методиј – правен факултет Јустинијан I, со магистратура по деловно право и положен правосуден испит.

ТРАГЕДИЈА ВО ТЕТОВСКО 

Од полицијата велат дека за инцидентот во селото Слатино, сопругот ќе биде испитуван за смртта на жената и нивната ќерка, а повреден е и малолетниот син. 

Попладнево во тетовското село се пронајдени две безживотни тела на мајка и нејзината ќерка.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Владата распиша огласи за пријавување кандидати кои би раководеле со две многу битни институции во државата. Станува збор за институции надлежни за полнење на државната каса, и институции кои ги спроведуваат даночните регулативи, но и се грижат за увозот и извозот од нашата земја. Веќе е јасно дека станува збор за Управата за јавни приходи, како и за Царинската управа.

Како и досега во континутитет имаме кусок во трговската размена со светот. И тоа не е толку страшно особено затоа што увозот пораснал, но само на ниво од статистичка грешка. 

Гркот Анастасиос Каранастасис од Кожани, релативно непознат во бизнис круговите, презеде доминантна контрола над МИК Свети Николе, втората најголема индустрија за преработка на месни производи по „Пекабеско“.

Поранешниот директор на една од трите најголеми банки во земјава, НЛБ Банка, Антонио Аргир, кој пак, од пред нецели три години живее и работи во Љубљана, како член на Управниот одбор на НЛБ Групацијата во Љубљана, деновиве добива дополнителна функција во рамките на групацијата, како претседател на Бордот на директори на НЛБ Банка Приштина.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy